Како сами дома да си направите антибактериски гел?
Во време кога владеат вируси и настинки, побарувачката на антибактерискиот гел е толку зголемена, што сите залихи се трошат брзо.
Но, доброто е што можете и самите да го направите овој гел.
Гелот е добар за ситуации кога немате можност за сапун и вода, бидејќи содржи чист алкохол, но сепак пред употреба консултирајте се со лекар или фармацевт.
За да направите домашна верзија, потребно ви е:
2/3 шолја алкохол (Изопропил алкохол 99%) кој ќе го промешате со ½ шолја алое вера гел и 5-10 капки есенцијално масло по избор.
Смесата помешајте ја во пластичен сад со соодветно капаче.
Рокот на траење е неограничен, односно домашниот гел може да го користите со недели.
М. Д. | Црнобело