Одлични здравствени придобивки: постот е внатрешна операција без нож

Кога човекот пости, тој му овозможува долготрајно штедење и обновување на секој орган во телото. 

Postot-e-vnatresna-operacija-bez-noz-01.jpg

Постењето е особено добро за здравјето на органите за варење, а исто така влијае и на квалитетот на крвта, што е основа за добрата здравствена состојба.

Уште кон крајот на 19 век, експертите ги проучувале ефектите од постењето врз здравјето на луѓето. Тогаш било откриено дека ова е состојба кога организмот бил принуден да функционира користејќи ги своите резерви.

Кога не јадете, телото започнува да ги троши внатрешните резерви, при што најмалку зема од нервното ткиво, срцето и другите органи - организмот го користи првенствено заболеното ткиво - тумори, цисти, израстоци и слично. Тоа е сè што не му припаѓа на телото и што треба да се исфрли од него.

Лекувањето на телото со помош на постење многумина го нарекуваат и „внатрешна операција без нож“, при што природата е многу посуптилна од кој било хирург - го зачувува она што е здраво, додека го елиминира она што е болно.

За време на постот се намалува телесната тежина, а најголемото слабеење се забележува во првите недели. Потоа интензитетот постепено се намалува, а колку помладо е телото, толку поголемо е губењето на телесната тежина.

Студиите покажаале дека пациентите кои страдаат од анемија, кои имаат недостаток на црвени крвни клетки или им е неопходно зголемување на белите крвни клетки, обично се лекуваат добро со постот.

Ефектот на подмладувањето на кожата е особено забележлив при постењето - острите линии и длабоките брчки стануваат помалку видливи, кожата станува помлада, станува поубава, добива подобар тен и сјај и целокупно се подобрува структурата на ткивата.

Додека постите, се намалуваат функциите на сите органи. Телото практично се одмара, надополнувајќи ја енергијата од резервите. Абдоменот е заспан, крвотокот е правилно распределен, а мозокот работи логично - приливот на мислите е нормален, а расудувањето јасно.

Страста се смирува, инстинктите му даваат предност на разумот, па затоа разумот ги контролира емоциите. Ова објаснува зошто за време на постењето сме многу посмирени и порационални од вообичаено.

За време на постот, губењето на масата на одредени органи и ткива изгледа вака:

масти 97%, слезина 60%, црн дроб 53,7%, мускули 30%, крв 26%, бубрези 25%, кожа 20,6%, црева 18%, бели дробови 17,7%, панкреас 17%, коски 13,9%, нервен систем 3,9% и срце 3,6%.

Дали и вие постите во овој период од годината?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg