Што да се појадува, а пак што да се исфрли? - факти за појадокот, најважниот оброк во денот

Појадокот има навистина интересна историја.

Shto-da-se-pojaduva-a-pak-shto-da-se-isfrli-fakti-za-pojadokot-najvazhniot-obrok-vo-denot 01 630x340.jpg

До 19 век, луѓето не размислувале многу околу него. Тие само јаделе тоа што имаат, а тоа обично биле остатоци од вечерата од претходната ноќ.

Но, „совршената бура“ од фактори го воздигна појадокот во категоријата „најважен оброк во текот на денот“.

Жените во 20 век заклучиле дека при извршувањe на работните обврски им е потребна енергија и посветеност, што значи дека им треба нешто хранливо за консумирање, а воeдно и брзо, за да ги нахранат и своите најмили, пред да започне денот.

Со индустриската револуција, луѓето почнале да се грижат за своето здравје со фактот дека стоењето и седењето на едно место цел ден е сосема нездраво, но често неопходно - тие верувале дека тешкиот здрав појадок може да им помогне во тоа.

Што доколку појадокот се консумира подоцна?

Во суштина и не е ништо страшно доколку  сакате да почекате и да завршите некои предвидени обврски, па потоа да го изедете својот појадок.

Според некои истражувања, доцниот појадок се покажал сосема во ред.

Shto-da-se-pojaduva-a-pak-shto-da-se-isfrli-fakti-za-pojadokot-najvazhniot-obrok-vo-denot 02 630x380.jpg

Една неодамнешна студија открила дека зголемувањето на времето помеѓу вечерата и појадокот (познато и како наизменично постење) е успешен начин за слабеење.

Се разбира, нискиот шеќер во крвта не е шега, а во некои случаи јадењето доцна може да ги натера луѓето да се чувствуваат исцрпено.

Најважната работа што треба да направите е да го слушате вашето тело.

Што доколку го прескокнете појадокот?

Според студија објавена во американскиот журнал за клиничка исхрана, луѓето кои го прескокнуваат појадокот внесуваат повеќе калории во текот на денот, отколку оние што се одлучуваат за него.

Истата студија покажала дека прескокнувањето на појадокот може да доведе до повисоки нивоа на воспаленија во организмот.

Потрошувачката на шеќер е поврзана со депресивното расположение, затоа би било пожелно наутро да ги избегнете шеќерните задоволства и да консумирате повеќе протеини и здрави масти.

Со други зборови: благата кифла за појадок е речиси идентично „лоша“ колку и избегнувањето на појадокот.

Shto-da-se-pojaduva-a-pak-shto-da-se-isfrli-fakti-za-pojadokot-najvazhniot-obrok-vo-denot 03 630x420.jpg

Идеален појадок

Се прашувате како би требало да изгледа вашиот идеален појадок?

Сепак, таков рецепт не постои.

Како што наведовме погоре, се советува консумација на протеини и здрава маст, секогаш кога е можно.

Постојат одлични сугестии, како на пример: две јајца, авокадо, зеленчук, пијалак со растителни протеини или колаген, јогурт или кокос јогурт со овошје и чиа семки, благи продукти без глутен.

Одлучете се за вкусни, а сепак здрави опции!

Shto-da-se-pojaduva-a-pak-shto-da-se-isfrli-fakti-za-pojadokot-najvazhniot-obrok-vo-denot 04 630x429.jpg

Најдобра и универзална препорака е да бидете сигурни дека секојдневно ги добивате вашите хранливи материи.

Ако ги погледнете појадоците низ целиот свет, тие се разликуваат многу.

Секој оброк треба да обезбеди разновидна, релативно непреработена храна од различни видови за да се грижи за хранливите и енергетските потреби.

Постојат многу начини да го направите ова со храна којашто ви се допаѓа, затоа водете здрав живот, а и воедно уживајте!

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg