Дали седите правилно?
Чувствувате ли болки во грбот на крајот на работниот ден? Знаат да продолжат и за време на викендот. Голема е веројатноста да не седите правилно на...
...работната маса.
Што значи да се седи правилно?
Рамениците треба да бидат исправени наназад, а главата и вратот прави како и телото. Не ја туркајте главата нанапред и не се потпирајте на дланката односно на раката која ви е потпрена на бирото.
'Рбетот мора секогаш да е во својата природна состојба на буквата „S“, правејќи со нозете агол од 120 степени. Меѓутоа за време на седењето често тој ја добива формата на буквата „C“ што го оптеретува, а со тек на време може и потполно да го деформира.
Одморот е задолжителен. Станете и прошетајте се најмалку еднаш на секој час.
Немојте да седите со прекрстени нозе. Двете стапала треба да се на подот. Немојте да ги вртите на една страна.
Задникот секогаш сместете го на задниот раб од столицата. Така ќе му овозможите на потпирачот да биде вистинска потпора за 'рбетот.
Додека седите, важно е колената да ви бидат нешто пониско од колковите.