Совети за намалување на температурата на природен начин
Температурата е начин на кој телото ве известува дека нешто не е во ред, односно дека се бори со одредени вируси или бактерии.
Откако ќе ја утврдите причината за температурата, сигурно ќе ви биде препишана терапија. Но, може и да искористите неколку природни начини за намалување.
Ако веќе имате висока температура, пијте многу вода. Поради тоа што телото напорно работи, потребно е постојано да има проток на течности и да не дехидрира.
Добро би било да пиете и свежи сокови кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Ладните облоги исто така се од голема помош, иако се површински.
Изедете неколку чинии супа со додаден зачин од босилек, кој ја намалува температурата.
Чајот од шафран е уште еден корисен, домашен лек против покачена температура.
Шолја ладен сок од кајсија промешајте со 1 лажица мед и испијте го одеднаш.
Сокот од грејпфрут исто така може да помогне, но само ако е свежо цеден.
Излупете еден компир на кругови и држете ги додека се ладни на рацете или на нозете. Компирот ја извлекува топлината од телото.
Сокот од цвекло и јаболка исто така ја намалуваат температурата.
Ништо од наведеното не е замена за лек и терапија, туку само дополнителна помош.
М. Д. | Црнобело