3 намирници кои се лоши за женското интимно здравје
Сите знаеме дека женските интимни делови се чувствителни и може да им наштетат разни ситници, меѓутоа ретко кој размислува дека освен лошата или неточна хигиена, клучна е и исхраната.
Освен тоа што некои намирници го зголемуваат ризикот од воспаленија и инфекции, може да предизвикаат и непријатен мирис.
Алкохол
Алкохолот води до дехидрација на телото и оневозможува вагината да ја одржува соодветната влажност. Немојте да претерувате со пиење - чашка или две со оброк не би претставувале закана.
Шеќер
Ако често патите од габични инфекции, тогаш би требало да избегнувате благо и шеќери во било какви облици.
Црвено месо и силни зачини
За непријатен мирис на интимното подрачје, причина може да биде големото консумирање на црвено месо и зачинета храна.
М. Д. | Црнобело