Болки во нозете, мускулите и нервите: Што е невропатија и како да се ослободите од неа?

Болките често знаат да предизвикаат неудобен и незгоден живот, но тие се составен дел од него и никој не може целосно да ги избегне.

bolki-vo-nozete-muskulite-i-nervite-shto-e-nevropatija-i-kako-da-se-oslobodite-od-nea-02.jpg

Невропатијата, која претставува болест на нервниот систем, се карактеризира со болки во нозете и мускулите, кои во одредени случаи можат да бидат многу непријатни. За среќа, напредокот на медицината овозможи овие проблеми да се надминат преку земање на препорачана и контролирана терапија.

Периферната невропатија, всушност, е медицинска состојба предизвикана од оштетување на нервите во периферниот нервен систем. Таа се манифестира во пецкање на нозете и мускулите, грчеви, недостаток на сензација и вкочанетост, но и хиперсензитивност, што е претерана, обично непријатна перцепција на благ контакт.

Причините за периферна невропатија се разновидни – таа може да биде предизвикана од претходна повреда, дијабетес, неправилно фукнционирање на бубрезите, хемотерапија, хронична употреба на алкохол, дефицит на витамин Б12 и одредени инфекции. Невропатијата е специфична и тешка за третирање. Докторите советуваат дека најефективен начин е да се контролира причината за нејзиното настанување, што бара поголема грижа за здравјето и одрекување од работите кои ја предизвикале невропатијата. Сепак, во поголемиот број случаи е потребна помош и од лекови кои ќе ја ублажат болката.

bolki-vo-nozete-muskulite-i-nervite-shto-e-nevropatija-i-kako-da-se-oslobodite-od-nea-03.jpg

Вистинското прашање е: Како најефективно да се третира болката, со цел таа да биде отстранета? Преку третирање на оштетените нерви кои ја предизвикуваат болката. Доколку ги чувствувате симптомите на нервопатска болка, тогаш решението за вас е Уримил – додаток во исхраната кој го снабдува телото со комбинација на Б витамини, уридин монофосфат и магнезиум, која му помага на телото да ги регенерира оштетените неврони. Ефективната формула на Уримил овозможува да се нахранат посебните механизми за обновување, кои потоа делуваат кон ублажување и целосно отстранување на болката.

Невропатската болка не е ништо невообичаено. Како заболување на периферниот нервен систем, таа се јавува кај огромен дел од луѓето во текот на животот и претставува еден од секојдневните проблеми кои се навидум наивни, а предизвикуваат голема болка и неудобност. Со мали модификации на начинот на живот преку водење на грижа за своето здравје, придружено со само една капсула Уримил дневно, тие болки набрзо можат да станат минато.

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg