Човекот кој доживеал 114 години вели дека долговечноста се крие во 5 намирници
Светската здравствена организација тврди дека просечниот животен век на човекот е 72 години, меѓутоа Бернардо Ла Пало ги надмина сите граници.
Роден во 1901 година, почина во 2015-та година, а за неговата долговечност велеше дека тајната е во 5 производи.
Неговото секојдневно мени се состоело од свеж, органски зеленчук, но и од 5 задолжителни додатоци:
Кралот на зачините – Цимет
Помага во борбата против инфекции, го чува срцето, но и е добра превенција од создавање на канцерогени клетки.
Природен дар – Чоколада
Консумирањето на квалитетно, црно чоколадо го чува здравјето ан срцето, го регулира холестеролот и помага да се ослободиме од стрес.
Природен антибиотик – Лук
Лукот е познат како одличен борец против деменција, Алцхајмер, сојузник за детоксикација, но лекарите велат дека има антибиотски дејства.
Лек за сите болести – Мед
Медот е антисептик и антиоксиданс кој може да се користи и со козметички цели.
Масло на животот – Маслиново масло
Експертите тврдат дека ладно процеденото маслиново масло е богато со масти кои го хранат мозокот и помагаат да се сочува здравјето на срцето. Маслиново масло спречува дијабетес тип 2, но и е добар чувар од рак.
М. Д. | Црнобело