Не е до потта - изненадувачки причини зошто можеби имате непријатен телесен мирис

Спротивно на генералното мислење, потта всушност нема мирис. Има куп други работи кои прават да мирисате непријатно. 

Iznenaduvacki-pricini-zosto-imate-neprijaten-telesen-miris-01.jpg

Најголем дел од нив се предизвикани од модерните животни навики. Сепак, некои од нив може да ве изненадат.

Еве неколку причини зошто можеби им мирисате непријатно на другите, а и на себеси:

1. Антиперспиранти

Можеби е тешко да се поверува во ова, но производот што треба да ја спречи миризбата на телото, станува причина зошто мирисате непријатно. Причината е тоа што дезодорансот понекогаш може да биде храна за бактериите кои ги предизвикуваат лошите миризби.

Сепак, тоа не е сè. Вашите пазуви може да станат суви и нездрави. Здравствените експерти почнуваат да советуваат да не се користат дезодоранси. Доколку страдате од непријатен мирис на телото, поефикасен начин да се справите со ова е да ги миете пазувите само со чиста вода два до трипати на ден.

2. Стрес

Модерниот начин на живеење вклучува многу причини зошто сме под стрес. Експертите забележале дека потењето под влијание на стрес предизвикува лачење на два хормони коишто се мирисливи – адреналин и кортизол.

Ослободувањето на овие хормони е предизвикано од стресот и всушност тие ја предизвикуваат вашата непријатна миризба. Значи ненадејната тензија е она што ја предизвикува мирисливата пот. Време е да се смирите.

3. Премногу лекови

Некои секојдневни лекови може да бидат причина за лошата миризба на телото. Тука може да се најдат антидепресивите, лековите против алергии, медикаменти за диета, многу видови на витамини и хербални суплементи како и медикаменти за контрола на раѓање.

Водечките фармацевтски компании почнуваат да го внесуваат непријатниот мирис на телото како дел од потенцијалните последици од користење на лековите, па сега ќе можете полесно да утврдите која е причината за лошата миризба.

4. Уживање во алкохол

Една од работите коишто ги прави алкохолот е тоа што го забавува дигестивниот систем и затоа тој се задржува подолго во телото.

Доколку редовно пиете алкохол или имате проблеми со црниот дроб или бубрезите, алкохолот ќе се задржува уште подолго во вашето тело. Можно е да мирисате непријатно заради количеството на алкохол во вашето тело.

5. Хормони

Непријатниот мирис заради хормони се јавува и кај мажите и кај жените. Кога сме тинејџери имаме огромна количина на хормони во нашето тело.

Овие хормони може да се однесуваат непредвидливо. Ова е причината зошто тинејџерите се потат лесно и исто така зошто мирисаат непријатно.

Кога жените минуваат низ менопауза, има покачување и намалување на естрогенот во телото. Ова доведува до ослободување на хемикалии кои предизвикуваат непријатен мирис при потењето.

6. Вашата облека

Има добра причина зошто памукот се смета за еден од најдобрите материјали за облека. Памукот овозможува ткаенината и телото да дишат слободно. Слободното дишење значи помал развој на бактерии.

Повеќето други материјали прават да се чувствувате топло и ги заробуваат бактериите, а тоа прави вашата пот да мириса лошо. Затоа ослободете се од синтетиката и префрлете се на памук.

7. Дијабетес

Вашето тело станува очајно за „гориво“ за да функционира кога ќе остане без инсулин. Телото се обидува да се преполни со кетони, коишто се молекули од кои се добива енергија, а се формираат од масните киселини.

Ова делува како гориво за вашето тело. За жал истото најчесто е придружено од силен мирис на телото. Доколку редовно се потите и мирисате непријатно, појдете на доктор и проверете се дали можеби имате дијабетес.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg