6 грешки што треба да ги избегнувате за време на менструација

Нашите тела се особено чувствителни за време на оние денови, а некои навики на кои се придржуваме во ова време не се сметаат за здрави. 

izbegnuvajte-gi-ovie-sest-greski-za-vreme-na-menstruacija-01.jpg

Затоа, најдобро е едноставно да се откажеме од ваквите лоши навики.

Ова се 6-те грешки што упорно ги правиме за време на менструација:

1. Користење тампони и влошки со избелен памук или вештачка свила

Повеќето влошки и тампони се изработени од вискоза, т.е. вештачка свила во форма на полиестер и избелен памук. Таквите влошки понекогаш содржат траги од пестициди, белило и диоксини, кои можат да имаат лошо влијание врз плодноста.

Долгорочното користење на вакви тампони и влошки може да го загрози вашето здравје.

izbegnuvajte-gi-ovie-sest-greski-za-vreme-na-menstruacija-02.jpg

2. Нередовно менување на тампонот или влошката

Колку подолго го носите тампонот или влошката, толку повеќе бактерии собирате. На овој начин се создава погодна околина за бактерии, кои можат да предизвикаат синдром на токсичен шок.

Се препорачува тампоните и влошките да се менуваат на секои четири до осум часа.

3. Употреба на мирисни производи

Никој не сака да мириса лошо, но користењето производи што содржат вештачки мириси не е добра идеја за време на менструација. Таквите производи можат да го иритираат организмот, да доведат до бактериски и габични инфекции и слично.

Најдобро е да избегнувате влошки и тампони со вештачки мириси.

izbegnuvajte-gi-ovie-sest-greski-za-vreme-na-menstruacija-03.jpg

4. Недоволно спиење

Тешко можеме да заспиеме со грчеви, немир и несоница предизвикани од хормоните, но квалитетното спиење од 7 до 9 часа на ден е најпотребно кога имате менструација. Недостатокот од сон делува стресно на телото.

5. Избегнување физичка активност

Вежбањето помага и во олеснување на грчевите, и во подобрување на квалитетот на сонот. Дури и кога имате менструација, се препорачува да вежбате барем 30 минути секој ден. 

Едноставните активности, како што се одење или возење велосипед, помагаат во намалувањето на интензитетот на менструалните грчеви.

izbegnuvajte-gi-ovie-sest-greski-za-vreme-na-menstruacija-04.jpg

6. Пиење кафе

Кофеинот може да доведе до дехидратација, која, пак, може да ја влоши главоболката. Намалениот внес на кофеин за време на менструација ќе помогне во ублажување на симптомите како напнатост, несоница и вознемиреност.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три симптоми за време на менструација кои не треба да ги игнорирате, според докторка „Ако имате вртоглавица за време на менструација, можно е да губите многу крв и б...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg