На која возраст започнува да се намалува плодноста кај жените?

Со годините, зачестен е проблемот на парови кои имаат проблем со зачнување на дете.

na-koja-vozrast-zapocnuva-da-se-namaluva-plodnosta-kaj-zenite-01.jpg

Со ова расте и притисокот над младите девојки што порано да се „фрлат на работа“ како не би имале проблем понатаму заради годините.

Неретко, не ги земаме предвид неколку клучни фактори кои најчесто влијаат на зачнувањето – начинот на живот, исхраната, стресот под кој се наоѓаме во секојдневието.

Додека мажите не мораат да се грижат за нагло намалување на плодноста, во случајот кај жените, шансите за успешно забременување се намалуваат постепено после 30-тата година, а нагло паѓаат по 40-тата.

Верувањето дека плодноста кај жените нагло се намалува после 35-тата година, според најновите истражувања е преувеличување.

Ова верување се темели на еден извадок од минатата деценија за попис на француското население направен во периодот помеѓу 1670-та и 1830-та година.

na-koja-vozrast-zapocnuva-da-se-namaluva-plodnosta-kaj-zenite-02.jpg

Едно друго истражување, исто така старо 15 години, сведочи за речиси идентична плодност кај жените во 20-тите и во 30-тите години.

Ова истражување открива дека дури 82% од жените на возраст од 35 до 39 години забременуваат во период од една година, додека кај жените на возраст од 27 до 34 години оваа бројка е 86% (значи многу е мала реалната разлика во процентите на период за забременување).

Според последните истражувања, вистинската возраст кога плодноста кај жените започнува да се намалува е после 40-тата година во животот.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg