Етерични масла за добар сон
Несоницата често може да не фрустрира. После долгиот напорен ден на работа, факултет, училиште, дома и се останато сите сакаме да се наспиеме во текот на ноќта.
Ако времето во кревет го поминете вртејќи се и превртувајќи се наместо да спиете можеби ви е потребно нешто што ќе го поправи вашиот сон.
Ароматерапијата е користење етерични масла за подобрување на физичкото и емотивното здравје. Истражувањата покажале дека за несоница најефективни се маслата од лаванда, камилица, бергамонт, сандаловина и мандарина.
Едно од најпопуларните етерични масла е она од лаванда. Оваа билка може да ја одгледувате и дома. Посебно е добра за нервниот систем, го опушта телото и осигурува мирен сон. Може да го користите маслото во купка и во ламба за етерични масла.
Камилицата исто така влијае на опуштање на нервниот систем и телото. Бергамонтот доаѓа од родот на цитрусни овошја. Брзо ослободува од стрес. Има сладок мирис кој освежува и дава чувство на благосостојба.
Сандаловината е древен мирис. Ја намалува нервната напнатост и помага при опуштање. Мандарината има мирис сличен на бергамонтот и успешно ги лечи проблемите со спиењето.
Комбинацијата од овие масла создава прекрасен мирис кој ве опушта и ве подготвува за добар сон.