Побелен јазик, темна кожа на пазувите - 4 загрижувачки знаци кои укажуваат на болести
Постојат неколку вообичаени знаци кои ги дава телото, а кои укажуваат на одредени здравствени проблеми.
Ова се 4 симптоми кои даваат предупредувачко црвено светло дека нешто не е во ред со вашето здравје:
1. Темна, задебелена кожа околу вратот или пазувите.
Ова може да е знак за дијабетес. Acanthosis nigricans е состојба на кожата која се карактеризира со задебелена, темно пигментирана кожа, а се јавува најчесто кај лица со зголемена тежина и дијабетичари.
Ако се појави кај деца, можно е да сигнализира на поголем ризик од развој на дијабетес тип 2.
2. Испакнати очни јаболчници.
Гледате поголеми белки на очите отколку вообичаено? Ова би можело да биде знак за претерано активна работа на тироидната жлезда.
Оваа состојба, може да доведе до нагло губење на тежината, неправилна работа на срцето, потење и нервоза.
3. Ви паѓаат влакната од веѓите.
Ако ви паѓаат веѓите, може да биде знак за неактивна тироидна жлезда.
Хипотироидизам е состојба во која жлездата не произведува доволно од некои од важните хормони.
Ова најчесто се случува кај жени постари од 60 години, а може да предизвика дебелеење, болки во зглобовите и болести на срцето.
4. Јазикот ви е мазен и блед.
Здравиот јазик треба да е црвенкаст и нерамен. Ако јазикот ви е мазен и блед, тоа може да покажува дека нешто недостасува во организмот.
Најчесто ова е знак за недостиг на железо, фолна киселина и витамин Б12.
За сите овие симптоми, обратете се кај вашиот лекар за стручно мислење и анализи.
Е. П. | Црнобело