Дали смеете да ги отстранувате влакненцата од бенките?

Бенките се израстоци најчесто во црна или кафена боја.

 dali-smeete-da-gi-otstranuvate-vlakencata-od-benkite-01.jpg

Обично се појавуваат до 30-тата година од животот, можат да бидат рамни или релјефни и да потемнат доколку ги изложувате на сонце, за време на пубертет или во текот на бременоста.

Зошто на некои бенки има и влакненца?

Како и на целата кожа, влакната растат каде што има и фоликули. Ако во бенката има фоликула, на неа ќе се појават влакненца.

Дали влакненцата се нормална појава?

Да, апсолутно. Генерално кај жените се јавуваат поретко, но и кај двата пола е вообичаено.

Зошто овие влакненца се потемни од другите?

Баш како што и бојата на кожата на бенката е потемна боја и влакната можат да бидат потемни.

dali-smeete-da-gi-otstranuvate-vlakencata-od-benkite-02.jpg

Дали бенката со влакненца е знак дека истата е канцерогена?

Било која бенка може, но и не мора да биде канцерогена без разлика дали има влакна. Експертите дури и велат дека помала е шансата да се канцерогени оние бенки од кои растат влакна.

Зошто? Затоа што канцерогените клетки се абнормални, а ако на бенката имате влакна, можете да сте речиси уверени дека под неа не се кријат абнормални клетки.  

Дали смеете да ги отстранувате овие влакна?

Да, како и сите останати. Можете да ги бричите внимателно, да ги чупате со пинцета или депилирате со восок.

Дали треба да ве загрижува бенка со влакна?

Не, освен ако не покажува сомнителни симптоми – асиметрија, нерамни рабови, промена во бојата и изгледот со текот на времето. Во тој случај, задолжително посетете дерматолог.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg