Здрави навики кои секој треба да ги поседува
Кога ќе се спомнат здравите навики сите веднаш помислуваме на здрава исхрана и многу вежбање. Но, здравите навики се многу повеќе од тоа. Почнувајќи од мирен сон, па сè до време поминато со нашите најблиски.
Здрави навики не се само оние кои ве оддржуваат во добра форма, туку и оние кои ви ја оддржуваат насмевката на вашето лице. Здравите навики се оние кои се грижат за вашето духовно здравје, а воедно и за вашето физичко.
Во продолжение погледнете кои здрави навики треба да ги поседувате:
Никогаш не го прескокнувајте појадокот
Појадокот е најважниот оброк од денот и никогаш не треба да помислувате да го прескокнете. Тој треба да биде доста обилен и богат со протеини и јаглехидрати кои ќе ви дадат „гориво“ за целиот ден.
Секогаш е убаво за време на појадокот да го оставите телефонот настрана и да уживате 15-тина минути во ваше друштво или пак да едноставно да споделите некои искуства со оној кој појадувате.
Вода и само вода
Водата прави чуда врз вашето тело. Хидратацијата е најважна за добар метаболизам и правилна работа на срцето.
Ќе имате повеќе енергија и ќе се чувствувате многу подобро. Доколку не сакате да пиете само вода, секогаш можете да додадете неколку парчиња свеж лимон или портокал.
Добар сон
Добриот сон го подобрува расположението, ви ја подобрува меморијата, го намалува ризикот од срцеви заболувања и уште многу други работи. Затоа секогаш обидувајте се да спиете од 7-9 часа.
„Одмор“ од социјалните мрежи
Секогаш е добро да ја проверувате вашата активност на телефонот и да не дозволите таа да биде повеќе од 2 часа дневно. Се разбира дека треба да го проверувате мејлот секој ден, како и да ги видите новостите и известувањата што ви стигнале, но никогаш не треба да претерувате.
Нека не биде телефонот првото нешто што го земате наутро, а последното што го оставате навечер. Земете си „одмор“ од сите социјални мрежи и живејте во моментот или пак искористете го тоа време за некои други „покорисни“ работи.
Било каква физичка активност
Доволно е дури и пешачењето. Било каква физичка активност ќе ве одржува во подобра форма и ќе ви го подобри расположението. Исто така вежбањето додека сте уште млади го намалува ризикот од кршливи коски кога ќе остарете.
Обидувајте се да одвоите барем два дена во неделата каде што ќе се „потрудите“ малку повеќе околу овој важен фактор. Не е неопходно да одите во теретана или пак да посетувате некој фитнес клуб, можете да направите простор во вашиот дом и таму да вежбате.
Одвојувајте време за вашите најблиски
Ова е една од најважните работи што треба сите да ја практикуваме. Живееме живот со брзо темпо, па затоа многу често забораваме на нашите најблиски за кои треба да одвојуваме секојдневно време и да се грижиме за нив.
Секогаш обидувајте се да поминувате повеќе време во комуникација со нив, отколку на социјалните мрежи.
Т. Ѓ. | Црнобело