7-те најголеми заблуди за грипот и вистината зад нив

Грипот е болест што им е позната на сите, а овој период во речиси секое семејство има барем по еден разболен од грип.

najgolemite-zabludi-za-gripot-i-vistinata-zad-niv-01.jpg

Најчесто грипот предизвикува симптоми како висока температура, треска, исцрпеност, намален апетит, болки во мускулите и зглобовите, кашлање и затнат нос.

Грипот треба да го прележите и воглавно нема потреба да одите на лекар. Додека сте болни, најважно е да мирувате и да внесувате многу течности.

И покрај толкавата распространетост, сè уште постојат многу лажни информации и митови за оваа болест во кои нема никаква вистина.

За да го заштитите вашето здравје, добро би било да ги знаете најраспространетите митови за грипот и вистината што се крие зад нив:

Од грип не се умира

Грипот е опасна болест. Иако младите и здрави луѓе ја прележуваат без сериозни последици, грипот може да биде и смртоносна болест.

Ова е ретка појава кај здравите луѓе, но доколку заболената личност страда од некоја хронична болест, грипот може да предизвика компликации.

Познато е дека срцевите заболувања, дијабетесот, заболувањата на бубрезите и некои малигни заболувања можат да се комплицираат поради грипот.

Ако сте вакцинирани, не можете да фатите грип

За жал, ова не е вистина. Воглавно, вакцините ги прават симптомите на грипот поблаги и пократки.

Дали вакцинирањето е успешно не зависи само од вакцината, туку и од начинот на вакцинирање и имунитетот на вакцинираната личност.

Во просек, една од пет вакцинирани личности може да фати грип, но во поблага форма.

najgolemite-zabludi-za-gripot-i-vistinata-zad-niv-03.jpg

Вакцините против грип предизвикуваат грип

Вакцините за грип не предизвикуваат грип. Сепак, постои еден несакан ефект – во рок од 24 до 48 саати од вакцинирањето, можат да се појават симптоми на грип.

Ова значи дека е нормално да почувствувате благо покачување на температурата, кое ќе помине за околу 24 часа.

Врелиот чај е добар лек против грип

Најдобриот лек против грип е мирувањето и внесувањето многу течности, без разлика дали тоа е чај, вода или сок.

Најдобро е да ги избегнувате врелите пијалаци, особено ако ве боли грлото, бидејќи во спротивно само ќе ги влошите симптомите.

najgolemite-zabludi-za-gripot-i-vistinata-zad-niv-04.jpg

Ако имате температура повеќе од два дена, мора да одите на лекар и да пиете антибиотици

Нема потреба од антибиотици доколку не настанат компликации од грипот.

Температурата од грипот трае од 5 до 7 дена. Ако во овој период не настанат компликации, пиењето антибиотици може само да предизвика штета. Истовремено, доколку не се влошуваат симптомите, нема потреба да одите на лекар.

Секојдневното внесување витамин Ц го спречува грипот

Сигурно безброј пати сте го слушнале ова, но секој лекар ќе ви каже дека не е точно.

najgolemite-zabludi-za-gripot-i-vistinata-zad-niv-02.jpg

Туширањето со студена вода ја намалува температурата

Во овој случај подобро е да се туширате со млака вода. Туширањето со млака вода е многу поефикасно во намалувањето на температурата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како се пренесува птичјиот грип и колку е опасен за луѓето? Птичјиот грип е болест која е присутна кај птиците, но може да се пренесе и на л...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg