Дебели сте? Криви се гените!
Се доаѓа од главата, па дури и вишокот килограми, потврдуваат најновите истражувања за причините на дебелината. Откритието на шест гени...
...поврзани со контролата на апетитот укажува дека клучна улога во тоа дали ќе бидеме витки или не има мозокот и дека прекумерната дебелина не може да се набљудува само преку метаболните процеси, објавија британски медиуми, повикувајќи се на резултати од студија објавена во стручниот часопис „Фенетика на природата".
Студијата се темели на генетско испитуванје на 90.000 луѓе и анализа на примероци ДНК.
И најмалите генетски промени се споредувани со индексот на телесна маса, врз основа на што е утврдено дека луѓето со зголемен апетит имаат таква генетска структура да практично се програмирани, од раѓање или рано детство, повеќе да јадат.