Наполнете ги батериите
Во моментите кога сте исцрпени најважно е повторно да ги наполните батериите за да го избегнете хроничниот умор, падот на имунитетот и останати...
...сериозни последици по здравјето.
Ова се 5 совети како побрзо да ја вратите загубената енергија:
1. Полека со кофеинот. Денот најчесто го започнувате со кафе, а без попладневната доза не можете ниту да го завршите денот на нозе?
Вистина е дека после една или две шољи ќе се чувствувате подобро, но тоа е максималната доза која телото може да ја прифати во текот на еден ден.
Предозирањето со кафе доведува до нервоза и никако не се сложува со уморот.
2. Прошетка. Ништо не може да ја надомести дозата свеж воздух и кислород. Искористете ја кратката пауза на работа за да се прошетате.
Дишете длабоко и ќе имате сила за новите обврски. Истото направете го и кога ќе ве совлада уморот дома.
3. Насмејте се. Гласно. Ќе се ослободите од тензијата и негативната енергија, а истовремено ќе ги активирате мускулите и ќе направите пријатна атмосфера околу вас.
4. Ефикасна дремка. 10 минути се сосема доволни за да ги наполните батериите до крајот на денот. Замижете. Предолго попладневно спиење е контрапродуктивно.
5. Исчистете го носот. Блокираните дишни патишта го ограничуваат количеството воздух кое допира до телото. Пред спиење исчистете го носот и ќе се разбудите одморени