Намален стрес и повеќе енергија - 13 здравствени придобивки од одењето боси
Знаевте ли дека 63% до 72% од луѓето носат чевли со погрешен број?
Постојат докази кои покажуваат дека всушност е подобро да ги соблечете несоодветните обувки и да одите боси, исто како и нашите предци.
Од одењето боси има безброј здравствени придобивки. Во продолжение се само дел од нив, но сигурно се доволно за да ве натераат да пробате барем еднаш да прошетате боси во природа.
Се намалуваат деформитетите на стапалата
За да ги избегнете израстоците на стапалата, се препорачува да одите боси.
На овој начин ќе ги зајакнете мускулите на стапалата и ќе им овозможите на прстите да бидат во природна положба.
Сила и стабилност
Денес постојат многу обувки со перничиња кои го прават одењето поудобно. Но, ова го спречува користењето на одредени мускулни групи, а со тоа ја намалува и силата на овие мускули.
Зголемена свесност за опкружувањето
Токму поради ова се препорачува бебињата и малите деца да одат боси. На овој начин, тие добиваат подобри сензорни информации од стапалата за нивната околина.
Ова има позитивно влијание и кај возрасните.
Подобар сон
Одењето боси е познато и како приземјување. Односно, во овој случај вие создавате контакт со електроните од површината на Земјата.
Едно истражување покажало дека ова приземјување им помага на луѓето кои имаат проблеми со спиењето.
Намален стрес
Истото истражување од претходно докажало дека приземјувањето го намалува и стресот.
Сите испитаници изјавиле дека нивото на стрес значително им се намалило, или стресот целосно исчезнал.
Зголемување на енергијата
Кога сте во допир со природата, многу е лесно да си ги наполните батериите.
Па секогаш кога имате можност, прошетајте боси во природа и потоа вратете се во модерниот брз свет.