Здрави навики за здрав живот2

zdravi-naviki-za-zdrav-zivot-povekjeВо продолжение на првиот дел на здравите навики за исхраната ова се уште 3 навики кои ќе ви помогнат да водите здрав живот во комбинација со...

 

...практикување на здрава исхрана.

Здрава навика број 4: Воспоставете социјални врски.

zdravi-naviki-za-zdrav-zivot

Како? Одберете сопствен начин. Волонтирајте во некоја невладина или хуманитарна организација. Зачленете се во некој клуб соодветно на вашите интереси.

Што и да направите, бидете помеѓу луѓе. Социјалните активности се добри за вашето психичко здравје. Така ќе размените информации, ќе добиете емоционална подршка, ќе почувствувате дека припаѓате некаде.

Здрава навика број 5: Вежбајте за добро здравје.

Физичката активност има многу предности и корисни страни за нашето здравје. Затоа се прашуваме- зошто повеќето луѓе не се занимаваат со спорт?

Ќе ја наброиме користа од вежбање: помага во одржување на соодветната телесна маса, ги одржува здрави коските и мускулите, го намалува ризикот од зголемен крвен притисок и дијабетес, помага психички да се чувствувате подобро, ја намалува смртноста од срцеви заболувања, го намалува ризикот од прерана смрт...

Здрава навика број 6: Водете сметка за хигиената на забите.

Ако секојдневно ги чистите забите со конец за заби, тоа може да ви го продолжи животот. Се поголем број стручњаци се сложуваат дека хигиената на забите е важна не само за усната шуплина туку и за целокупното здравје.

Бактериите кои се создаваат во ненегуваните заби можат да делуваат негативно на работата на срцето.
Животот го прават и навиките. Одлучете се за оние добрите.

Би можело да ве интересира:

Остеопороза или „тивка болест“: Причини за појава, симптоми и совети за третирање Редовното и правилно вежбање може да ги зајакне коските, а долгото седење и недо...
Ја регулира тежината, ја чисти кожата – Зошто треба да пиете вода со нане (и како да ја направите)? Нането има природни антибактериски својства, па може да го освежи здив...
Кои се симптомите на цистит и можете ли да се лекувате сами? Ако имате благи симптоми кои траат ден-два, можно е воспалението да помине само....
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
10 рани, предупредувачки знаци за мултипла склероза кои е добро да ги знаете Трнење на екстремитетите, проблеми со рамнотежата и замаглен вид… Трнење на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg