Како да спречите мамурлук?
Нова година, Божик и останати празници - не е на одмет да се потсетиме на што треба да внимаваме доколку се консумира премногу алкохол. Главната...
...состојка на алкохолните пијалоци е етил алкохол или етанол, кој во организмот се разложува на ацеталдехид, одговорен за главоболката, повраќањето и киселината.
Ако алкохолот се конзумира во поголема количина, тој делува на сите системи во организмот во траење од 24 часа. Со еден збор човекот се разболува и потребно е подолго време за да се опорави.
Сето тоа може да се избегне ако се придржуваме до некои правила:
1.Секогаш пијте на полн стомак бидејќи полниот стомак ја успорува ресорпцијата на алкохолот и му дава на организмот повеќе време да ги сузбие токсичните материи.
2.Секогаш испијте чаша вода помеѓу два алкохолни пијалоци - тоа на организмот ќе му овозможи да задржи доволно течности. При тоа земете и две таблети мултивитамини за да не дојде до губење на витамини поради честото мокрење.
3. Пијте умерено, што значи еден алкохолен пијалок на еден час, затоа што на организмот толку му треба да го свари.
4. Конзумирајте само еден вид пијалок цело време. Никако не мешајте пијалоци. Мешањето пијалоци го присилува организмот да работи многу понапорно.
5. Наутро испијте повеќе вода и земете уште една таблета мултивитамини, која ќе помогне организмот да се ослободи од токсичните материи.
6. Доручкувајте јајце, банана и чаша сок. Избегнувајте кафе, чај и газирани пијалоци, бидејќи ќе доведат до понатамошно губење течности од организмот кој веќе е дехидриран.
Доколку се придржувате на овие правила празниците ќе ви поминат во пријатно и убаво расположение!