Мед - слатко задоволство
Без многу филозофирање- зимата полека ни стигнува, а со неа и настинките, вирусите и болестите. Ваш најдобар сојузник во борбата против нив е медот.
Медот содржи гликоза и фруктоза кои произведуваат огромна количина гликоген во црниот дроб. За општата издржливост потребно е да го одржувате нивото на шеќер во крвта во одредена рамнотежа.
Една лажичка мед содржи 22 калории додека лажичка шеќер содржи нешто помалку. Но, медот ја подобрува работата на мозокот неколку минути по неговото вкусување заради врамнотежената присутност на фруктоза и гликоза.
Секоја вечер пред спиење земајте барем една лажица необработен домашен мед. Мозокот работи нон – стоп, дури и кога спиете, па затоа му е потребна многу енергија.
Медот го зајакнува имунолошкиот систем и има антибактериско дејство на телото. Медот му помага на телото да оздрави. Тој ги ублажува симптомите на слаб имунитет – умор, инфекции, алергии и настинки.
Содржи витамини, минерали, аминокиселини кои се потребни за одржување на здравите. Една лажица мед на ден ќе ви помогне да спиете мирно.
Медот е диуретик, делува антивирусно, лаксатив и помага во лечење на инфекциите.
Затоа – не се мислете! Една лажичка мед на ден за поубав живот.