Детоксикација – како да го исчистиме телото без гладување?

Сакате да направите детоксикација, но не сакате да бидете гладни? Нема ни потреба. Многу луѓе мислат дека летаргијата, проблемите со кожата и вишокот килограми можат да се решат со детокс диета. 

detoksikacija-kako-da-go-iscistime-teloto-bez-gladuvanje-01.jpg

Ова најчесто подразбира да не се внесува шеќер, алкохол, кофеин, масти, јаглехидрати, млечни производи, туку да се живее на чаеви и лимонада неколку дена.

Овие диети го исцрпуваат нашето тело. Иако детоксикација, всушност, не е потребна, бидејќи бубрезите и црниот дроб можат сами да ги решат токсините, факт е дека ќе се чувствувате малку подобро ако избегнувате брза и слатка храна.

Ако сакате да се чувствувате подобро и да имате повеќе енергија треба да промените неколку навики, а не да се откажете целосно од сите горенаведени ставки. 

Фокусирајте се на здрава храна.

Ако сакате да се чувствувате добро, треба да го нахраните вашето тело. Ова значи дека во вашата исхрана ви се потребни протеини, умерено внесување на маснотии, овошје и зеленчук, а не високо обработена храна.

Заборавете на принципот сè или ништо.

Не постои совршена исхрана, затоа не се стремете кон тоа. Прифатете го фактот дека парче торта е составен дел од нормалниот живот и обидете се да одржите рамнотежа во исхраната, наместо да се ограничувате.

Detoksikacija kako da go iscistime teloto bez gladuvanje 02

Зеленчукот е важен.

Зеленчукот нема магични својства поради кои ќе се чувствувате подобро преку ноќ, но сепак прави добрини за вашиот организам. Јадете колку што е можно повеќе видови на зеленчук.

Јадете редовно.

Не треба да ве изненадува што навечер немате енергија (т.е. барате храна), ако во текот на денот изедовте една кифла и едно кафе.

Треба да јадете редовно, да трошите најмалку 15 минути за секој оброк, да седите и да јадете умерено. И, исто така, кога јадете, не гледајте телевизија. Концентрирајте се на секој залак, така ќе избегнете прејадување.

Пијте повеќе вода.

Водата е многу важна за сите функции на телото. Внесувајте два литри вода дневно.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg