Парестезија или зошто ви трнат нозете?
Она чувство кога ви трне екстремитет има научно име: парестезија. Понекогаш, потребно е време пред да ја „разбудите“ раката или ногата, и иако се работи за вообичаена појава што нема кој не ја искусил, луѓето сепак се прашуваат зошто тоа воопшто се случува.
Според Националниот институт за невролошки нарушувања, парестезијата најдобро се опишува како боцкање со игли, и се јавува тогаш кога има постојан притисок врз нервите. Специјалистите велат дека нервниот функционира несоодветно под ваков притисок.
Држењето на екстремитетите во една иста положба подолго време е причина за нервна компресија што резултира со „заспана“ рака или нога. Интересно е што протокот на крв тука не е проблемот - се работи само за популарна заблуда дека недостатокот на проток на крв ја предизвикува оваа појава.
Постојат многу крвни садови за циркулација и затоа е блокира протокот на крв со нормален васкуларен систем. Меѓутоа, кога се нервите во прашање, има само по еден на одредени површини од телото, па полесно е да се предизвика опструкција.
Постојат различни видови парестезија, а некои се поврзани со разни здравствени проблеми како што се дијабетес, мултиплекс склероза и мозочен удар. Оштетување на нервите од повреда или операција исто така може да ја предизвика оваа појава.
И додека ова е нормално, единствено треба да се грижите ако симптомите се конзистентни, се повторуваат и траат повеќе од неколку минути. Тогаш е неопходно да разгорарате со вашиот лекар, во спротивно нема штета од краткотрајна парестезија.
Што се однесува до „будењето“ на ногата, не постои правилен или погрешен начин да го направите тоа. Факт е дека може да биде доста непријатно, но ќе се вратите во нормала за многу кратко време откако ќе ја ослободите компресијата на нервот.
A. Ш. | Црнобело