Дали страдате од орторексија - опсесија со здрава исхрана?

Орторексија е нарушување во исхраната кое вклучува опсесија со здрава храна. Иако повеќето луѓе ќе помислат дека јадење исклучиво здрава храна не може да биде штетно, експертите велат поинаку.

dali-stradate-od-ortoreksija-opsesija-so-zdrava-ishrana-01.jpg

Како што анорексијата е страв од здебелување, орторексијата е страв од внесување на нездрави продукти во организмот.

Орторексија е опишана како состојба во која луѓето храната ја гледаат како средство преку кое ќе се чувствуваат здрави и исполнети, не само на физичко, туку и на духовно ниво. 

Експертите предупредуваат дека орторексијата може да доведе до екстремно губење на тежина и неухранетост. Оваа опсесија е поопасна за физичкото, отколку за менталното здравје.

Третманот на оваа состојба може да биде тежок, бидејќи луѓето имаат проблем да сфатат дека и јадењето само здрава храна може да биде нездраво. Најважно е да се најде јадрото на проблемот.

Dali znaete sto e ortoreksija ili opsesija so zdravata ishrana 02

Мажите и жените се подеднакво погодени од ова нарушување, а причините се различни. Кај жените, главната причина за ова нарушување е губење на тежината, додека кај мажите желбата "да се изгледа добро".

Здрава исхрана подразбира умереност во исхраната, а не опседнатост со неа. Строго задржување на диетите од погрешни причини може да доведе до негативни последици. 

Повеќе станува збор за фобија, отколку за пореметување во исхраната.

Како да препознаете орторексија?

1. Нутритивната вредност на храната ви е поважна од уживањето во храната.

2. Чувствувате поголема самодоверба само откако ќе изедете здрав оброк.

3. Чувствувате вина кога јадете нешто мрсно, слатко, нездраво...

4. По неколку часа дневно размислувате за здравата храна.

5. Станувате престроги во изборот на храната што ја купувате и јадете.

6. Чувствувате апсолутен мир и контрола откако строго ќе ја следите здравата исхрана.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg