Храна за здрава сперма
Постојат многу причини кои може да стојат зад машката неплодност. Но, што можете да направите за да се осигурате дека се е во ред со вашата...
...семена течност? Многу едноставно, мора да се храните соодветно.
1. Прв на листата е лососот. Преполн е со омега 3 масна киселина која го одржува холестеролот на дозволено ниво. Освен тоа, лососот е полн си протеини и помага на разни начини на организмот, не само на спермата.
2. Лубеницата или дињата се исто така добри за вашите „пливачи“. Во дињата има многу калиум кој помага во спречување на високиот крвен притисок, а во лубеницата освен калиум присутен е и антиоксиданс ликопен.
3. Доматите, како и сите останати црвени зеленчуци и овошја ќе ви дојдат добро. Сите видови зрнести овошја се мали складишта на антиоксиданси, а покрај тоа, редовно внесеното овошје од овој вид ги штити артериите од оштетување. Јагоди, боровници, малина, сушено грозје... одберете си по ваша желба.