Почесто се јавуваат кај „градските“ деца и уште 4 факти за алергиите

Знаевте ли дека мајчиното млеко најверојатно ги штити доенчињата од алергии или дека алергијата на храна може да се јави и подоцна во животот?

pochesto-se-javuvaat-kaj-gradskite-deca-i-ushte-4-fakti-za-alergiite-01.jpg

Алергиите настануваат кога некоја личност има реакција на супстанци кои се безопасни за другите луѓе. Овие супстанци се познати како алергени и вклучуваат прашина, полен, животни, па дури и храна.

Во продолжение неколку факти за алергиите што можеби не сте ги знаеле:

Алергијата на храна почесто се јавува кај „градските“ деца

Децата кои растат во град почесто патат од алергија на некој вид храна отколку нивни врсници од руралните средини.

Едно истражување покажало дека алергијата на храна е присутна кај 9,8% од децата кои живеат во град, додека во руралните средини кај 6,2% од децата.

Кај децата од градовите е воочен дупло поголем ризик за алергии на кикиритки и морска храна. 

nekolku-novi-soznanija-okolu-alergijata-na-hrana-02.jpg

Алергијата на кикиритки можеби се развива уште во утробата на мајката

Следната информација ќе ги заинтересира не само сегашните, туку и идните мајки.

Некои истражувања укажувааат на зголемена веројатност од појава на алергија на кикиритки, доколку жените во текот на бременоста го консумираат овој јаткаст плод.

Но, други истражувања го побиваат ова. Сепак, експертите веруваат дека алергијата на кикиритки најверојатно се развива во утробата на мајката, но не се сигурни за причината.

nekolku-novi-soznanija-okolu-alergijata-na-hrana-03.jpg

Алергија на овошје и зеленчук - нова епидемија?

Истражувањата покажуваат дека алергиите на овошје и зеленчук се сè почести, а особено кај децата.

До пред неколку години, „дежурен виновник“ за алергиските реакции предизвикани од храна биле кикиритките, но во последните неколку години тоа место го заземаат овошјето и зеленчукот. 

nekolku-novi-soznanija-okolu-alergijata-na-hrana-04.jpg

Мајчиното млеко можеби ги штити децата од алергии

Истражувње покажало дека мајчиното млеко можеби ги штити бебињата од алергии.

Алергијата нa храна, астмата и проблемите со кожата се јавуваат кај околу една третина од децата поради недоволно активирање на имунитетот.

Според експертите, бебињата кои биле доени повеќе од три месеци од раѓањето, имаат помал ризик од појава на вакви проблеми.

nekolku-novi-soznanija-okolu-alergijata-na-hrana-05.jpg

Појавата на алергија на храна не е резервирана само за детството

Алергијата на храна најчесто се појавува во детството, но таа се појавува и во позрелите години.

Возрасните најчесто се алергични на морски плодови, но честопати се јавува и алергија на јаткасти плодови.

nekolku-novi-soznanija-okolu-alergijata-na-hrana-06.jpg

М. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg