Стравот е најсилната емоција
Од сите емоции најсилен е стравот. Најчести видови страв се страв од осаменост, болест, смрт, губење на љубовта, губење на работата, страв за иднината.
Стравот ја блокира и материјалната и духовната страна на животот, ја уништува иницијативата, ентузијазмот, ја нарушува самодовербата, го раздразнува организмот и не држи напнати.
Покрај стравот, како втора силна емоција е сомнежот. Тој е „роден брат“ на стравот.
Сомнежот е манифестација на пасивно одбранбениот рефлекс, кој ги оневозможува нашите акции и затоа пречи за остварување на било какви цели.
Оние кои се сомневаат во себе, се сомневаат во се!
Сомнежот и неодлучноста ја нарушуваат животната енергија и самодоверба, како и вербата во иднината.