Мобилните повалкани од тоалет
Според истражување направено од “Sacramento Bee”, iPhone, iPad и Андроид телефоните, всушност сè што има екран на допир е многу веројатно дека е...
...преплавен со бактерии и вируси. Па како и во оваа ситуација некогаш е подобро да не ги знаете фактите. Мобилните телефони носат 18 пати повеќе бактерии од рачката за пуштање вода во секое јавно машко WC! Да, ова звучи страшно!
Доколку користите телефон од некој пријател или колега, тогаш ги „фаќате” нивните бактерии. 30% од вирусите ќе стигант до вашите прсти преку екранот.
Ако си ги почешате очите или ги гризете ноктите или на било кој начин го допирате лицето, вирусот може да влезе во вашиот организам.
Како што влегуваме сè подлабоко во есента, сè повеќе бактерии се наоѓаат во воздухот, па затоа бидете внимателни кога ќе го побарате телефонот од пријателот за да си поиграте.