Шест нешта што заболекарите се молат да не ги правите при оралната хигиена

Хигиената на забите и усната шуплина е многу важна, исто како и редовната посета на вашиот стоматолог, без да чекате воопшто да се случи некаков проблем за да го направите тоа.

shest-neshta-shto-zabolekarite-se-molat-da-ne-gi-pravite-pri-oralnata-higiena-01.jpg

Негата на забите одзема околу три минути во текот на денот, а всушност е навистина важна. Здравите и чисти заби може да значат и дека се грижите општо за своето здравје. Поради тоа, потребно е да имате редовна рутина за миење заби и усна шуплина.

Но и покрај тоа, луѓето се склони на грешки, кои им ја креваат косата на стоматолозите:

Четкате пребрзо

Брзото и силно четкање не значи и дека е ефикасно. Мијте ги забите со соодветна четка, без премногу да притискате и да внимавате да четкате со умерена брзина. Четкањето треба да трае околу две минути. 

Се потпирате на течноста за плакнење

Течноста за плакнење на устата е само дополнителна нега за испирање на усната празнина. Во никој случај не треба да ви биде замена на четката и пастата за заби.

Може да ја користите во итни случаи, ако немате во моментот четка и паста, но на долг план нема да ве заштити од кариес, гингивитис и парадентоза.

shest-neshta-shto-zabolekarite-se-molat-da-ne-gi-pravite-pri-oralnata-higiena-02.jpg

Одите кај заболекар само ако имате проблем

Редовните прегледи кај стоматологот се задолжителни. Не дозволувајте да се доведете во ситуација да имате проблем со оралното здравје и да реагирате предоцна.

Користите неисправна четка за заби

Четката не треба да биде премека, но ниту премногу тврда. Во првиот случај постигнувате лоши резултати, а во вториот ги повредувате непцата. Најдете ја онаа која ви одговара.

shest-neshta-shto-zabolekarite-se-molat-da-ne-gi-pravite-pri-oralnata-higiena-03.jpg

Ги гледате забите како засебна целина

Иако за нивното здравје ви е потребен специјалист, не значи и дека треба да ги занемарите во целокупното влијание врз вашата општа здравствена состојба.

Не заборавајте дека од устата се храните и дека е еден од значајните „влезови“ во вашето тело. Замислете што се случува ако не ја одржувате хигиената редовоно.

Верувате дека здравјето на забите е генетско

Делумно да, но делумно и не. Дури и ако имате супер здрави и цврсти заби во целата фамилија, тоа не ви дава дозвола да ја занемарите хигиената. Доколку не се грижите за оралното здравје, дури и најздравите заби може да се расипат.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg