Придобивките од стресот
Имате рок на работа до утре во 08:00, ви доаѓаат гости, а во меѓувреме и ви се расипува бравата на влезната врата... Ви звучи ова доволно стресно?
Тоа можеби и не е толку лошо доколку знаете како да го искористите. Иако хроничниот или екстремниот стрес се поврзани со срцеви проблеми и хипертензија, сепак истражувачите откриле дека умереното ниво на стрес може да ви го подобри здравјето.
Еве како тоа работи: Кога сте под стрес, жлездите испуштаат каскада од хормони, вклучувајќи адреналин кој го забрзува чукањето на срцето и ја зголемува енергијата. Краткорочно, ова може да биде добро за вас.
Еве како да го искористите стресот пред тој да ве искористи вас:
- Стресот ве прави попаметни
Канализирајте го да размислувате стратешки
Истражувачите велат дека стресот може да го унапреди учењето и памтењето, благодарејќи на ефектите од создавањето на кортизол во мозокот. Па, кога сте премногу уморни за спиење, не се форсирајте. Седнете со работите кои чекаат да бидат завршени, и легнете да спиете кога повторно ќе се смирите.
- Стресот ве прави пофини
Канализирајте го за да ги обновите врските
Кога сте под стрес вашето тело произведува окситоцин, хормон кој го олеснува дружењето со што тоа е идеалниот момент за да се јавите на старите пријатели и да се потсетите на старите добри времиња.
- Стресот ве прави поемотивни
Канализирајте го за да го излечите своето тело
Многу стрес наеднаш ќе го предизвика вашето тело да се бори против идните болести. Тие можат да го подобрат вашиот имунитет со долгорочни ефекти, тврдат истражувачите.
И најдоброто е што не мора ништо да правите – уживајте во придобивките на умерениот стрес.