Сигнали дека сте среќни
Вашето емотивно здравје не зависи само од вашите гени или од од домот во кој сте растеле. Испаѓа дека постојат и некои други интересни фактори...
...(поддржани од науката) кои што ве прават среќни.
Имате сестра
Луѓето со најмалку една сестра имаат подобра социјална поддршка, повеќе оптимизам и подобро се справуваат со загубите.
Не сте залепени за телевизорот
Најсреќните луѓе поминуваат 30% помалку време паркирани пред телевизорот поради тоа што го поминуваат времето во социализирање, читање и слични активности кои ја зголемуваат менталната активност.
Чувате сувенири на видливи места
Луѓето кои ги чуваат спомени на видно место се потсетуваат себеси за убавите времиња кои поминале. Убавите спомени пак ги потсетуваат на потенцијалот за среќа во иднина.
Вежбањето ви е приоритет
Луѓето кои вежбаат се помалку под стрес и се позадоволни од својот живот. Веројатноста дека оние кои не спортуваат да бидат под стрес е 70% поголема од оние кои активно спортуваат.
Имате здрав љубовен живот
Физичката интимност е главниот придонесувач за среќа. Луѓето во брак покажуваат 30% повеќе секс од самците, која што е уште една причина зошто луѓето во брак се посреќни.
Се дружите со среќни луѓе
Дружењето со весели луѓе дефинитивно ќе ја зголеми веројатноста и вие да бидете среќни. Колку почесто сте во друштво на такви луѓе толку и вие ќе бидете посреќни.
Имате двајца најдобри пријатели
Според направено истражување помеѓу луѓе во брак, оние кои што одговориле дека имаат најмалку двајца најдобри пријатели, биле посреќни од оние се помалку пријатели.
Па, колку од овие сигнали ги препознавате кај вас? Колку сте вие среќни?