Ослободете се од акните
Ако сакате чиста и нежна кожа на вашето лице не морате да потрошите мало богатство на креми, лосиони и тоници. Всушност, најверојатно веќе имате...
...сè што е потребно за да се изборите со акните во вашиот фрижидер.
Сите сме слушнале дека најдобриот начин да се ослободите од акните е да се откажете од помфритот и чоколадото. Но, истражувачите успеале да ја пронајдат храната која што ќе ви помогне во борбата со акните.
Храна богата со цинк
Храната богата со цинк не само што може да направи акните да исчезнат, туку ќе спречи појавување на нови.
Во оваа категорија спаѓаат:
- Бадеми
- Тавче гравче
- Телешко месо
- Леблебија
- Школки
- Семки од тиква
Храна богата со каротеноиди
Мангото содржи моќни пигменти наречени каротеноиди кои што му носат витамин А на вашето тело. Замислете го витаминот А како криптонит за акните. Ги напаѓа на 3 начини: го намалува воспалението, го стимулира регенерирањето на клетките и ја зајакнува кожата во борбата пртоив бактериите.
Во оваа категорија спаѓаат:
- Манго
- Диња
- Моркови
- Спанаќ
- Компири
- Домати
Храна богата со влакна
Ако навистина сакате да ги исчистите несаканото шаренило на вашето лице, тогаш е време да се откажете од белиот скроб: кога луѓето ќе се решат да ги отстранат рефинираните јаглехидрати од нивната исхрана и ќе ги заменат со храна со повеќе влакна како кафениот ориз, за помалку од 12 недели веќе имаат дупло помалку акни.
Во оваа категорија спаѓаат:
- Кафениот ориз
- Пуканки
- Интегрален леб