10 тивки сигнали кои покажуваат дека на вашето тело му треба помош
Сува кожа - Ова е знак дека ви е потребно поголемо количество на витамин Е, односно да го зголемите внесот на растително масло, масна риба и јаткасти плодови.
Доколку со нашиот организам нешто не е во ред, тогаш телото само ќе ни го покаже тоа. Меѓутоа, многу често ги игнорираме тие сигнали кои телото ни ги испраќа, па симптомите може да прераснат во сериозен здравствен проблем.
Дознајте кои се сигналите кои му покажуваат дека на вашето тело му е потребна помош:
Проблем со спиењето, раздразливост, грчеви во нозете
Доколку ве мачат овие проблеми, мора во дневното мени да вклучите повеќе храна која е богата со магнезиум и калиум, како на пример семки од лен, семки од сончоглед, бадеми, спанаќ, кељ, блитва, цвекло, сливи и кајсии.
Преголема желба за солена храна
Алармира на инфекција или воспаление некаде во телото, особено ако станува збор за воспаление на урогениталниот тракт. Во овој случај обидете се да го смирите воспалителниот процес со тоа што ќе поработите на имунитетот. Исто така, пијте чај од брусница.
Сува кожа
Ова е знак дека ви е потребно поголемо количество на витамин Е, односно да го зголемите внесот на растително масло, масна риба и јаткасти плодови.
Претерана желба за благо
Може да биде знак на исцрпеност на нервниот систем и тоа дека на вашето тело му е потребно повеќе гликоза за да се снабди со енергија. Во моментите кога ќе почувствувате преголема желба за благо, каснете малку мед или темно чоколадо за да избегнете проблеми со гастроинтестиналниот тракт, но и непријатната хиперактивност предизвикана од големата количина шеќер.
Крварење од непцата
Доколку ви крварат непцата на забите мора повеќе да пиете чај и да консумирате овошје, бидејќи ова е знак дека имате недостаток на витамин Ц. Храна во која најмногу има витамин Ц се зелените пиперки, цитрусните овошја, јаболките... И секако повеќе чај од билки.
Сува кожа на лактиците
Упатува на тоа дека вашето тело има недостаток на витамини Ц и А. Консумирајте повеќе портокали, кајсии, моркови и тиква.
Зголемена желба за морски плодови
Покажува дека имате недостаток на јод во вашиот организам. Ова е знак да ја проверите тироидната жлезда, за да исклучите нарушување на нејзината работа, кое може да има сериозни последици по вашето здравје.
Голема желба за кисела храна
Тоа е знак дека вашето тело има потреба од храна која би го поттиклана работењето на црниот дроб и жолчната кеса. Затоа, во вашата исхрана внесете повеќе лимон и брусница.
Лесно кршливи нокти и коса
Ова покажува дека имате недостаток на витамин Б и калциум. Обидете се да консумирате поголеми количини на млеко, компир, мешунки, пченични зрна.
Претерана желба за сирова храна
Доколку имате желба за сирова храна, ова може да е знак дека имате проблем со црниот дроб, присуство на хеликобактер пилори или можеби гастритис. Сировата храна ги ублажува грчевите и го смирува желудникот.
Советите од овој текст се од информативна природа и секогаш кога имате симптоми на некое од наведените нарушувања, посетете го матичниот лекар, кој ќе ве упати на натамошно лекување.
Е. Д. | Црнобело