Што сè може да предизвика главоболка без да сте свесни за тоа?
Според статистиките на Светската здравствена организација, речиси 46% од популацијата пати од главоболки.
Со оглед на тоа што многумина се мачат со овој проблем, независно дали се мажи или жени, понекогаш е добро да се знае од каде потекнува причината.
Голем дел од луѓето немаат некоја посебна причина за појава на главоболки, односно не се свесни за истата.
Во продолжение погледнете што сè може да предизвикува главоболка и како да се ослободите од неа:
1. Недостаток на сончева светлина и витамин Д може да претставува ризик за хронични главоболки.
2. Постои поврзаност помеѓу силната светлина која може да им пречи на очите и главоболката, па затоа често луѓето со овој проблем седат во темна соба.
3. Резултати од истражувања покажале дека ризикот за главоболка е за 19% поголем за време на грмотевици и молњи, како влијание на метеоролошки фактори.
4. Факторите како емоционален стрес, анксиозност и депресија, може да предизвикуваат главоболки, исто како и неквалитетниот сон.
5. Честото консумирање на аналгетици кои содржат кодеин, може да влијае на појавата на почести главоболки.
6. Според последните истражувања, докажано е дека и прекумерната тежина може да предизвикува главоболки.
Што може да ви помогне при главоболка:
1. Оние кои патат од главоболка, кофеинот може да го користат како аналгетик, па шолја кафе може да им помогне, спротивно од ладната вода која може да ја зголеми болката.
2. Научниците докажале и дека зелената светлина може да ја намали чувствителноста на силната светлина и ја намалува главоболката.
3. Медитацијата и јогата кои го намалуваат стресот, исто така помагаат и при намалување на главоболките и за поретка појава на истите.
4. Причина за главоболки може да биде и тешка и храна, па затоа јадете повеќе свежи зеленчук, овошје и месо, а може и да се откажете од алкохолот.
5. Иако за луѓето со главоболка се препорачува носење на темни очила за сонце, сепак многумина искусиле дека ефектот на главоболка се намалува со помош на очилата за обоени стакла кој ја намалува силната светлина.
М. М. | Црнобело