9 работи кои треба да ги правите помалку за да одите на доктор поретко
Ги вршите сите работни обврски во домот
Дневната рутина каде постојано се грижите за сè во домот води до покачен крвен притисок. Плус, се појавува анксиозност од мислата дека сè е само на вашите раменици.
Поделете ги обврските во семејството еднакво.
Не контактирате доктор
Речиси 80% од луѓето сами си поставуваат дијагнози со користење на интернет. Но, ова не е најдобриот извор на информации за вашето здравје.
Посетете го вашиот доктор ако ве загрижува каков било симптом.
Го заменувате шеќерот со засладувачи
Ова не е здрав начин на исхрана затоа што засладувачите прават да страдате од дијабетес, срцеви заболувања и зголемување на телесната тежина. Истражувачите велат дека тие не се ништо помалку штетни од шеќерот.
Наместо нив, како замена за шеќерот, користете стевија, која е богата со витамини и има малку калории.
Погрешно дишете
Постојат најмалку 25 видови на дишење. Бебињата го прават тоа нормално, додека поголемиот дел од возрасните луѓе го прават погрешно и му наштетуваат на своето тело. Луѓето не вдишуваат доволно и го ограничуваат дотокот на кислород во долниот дел од белите дробови.
Ако во крвта немате доволно кислород, тогаш мастите не согоруваат брзо и има негативно влијание врз вашиот кардиоваскуларен систем и целокупното здравје.
С. С. | Црнобело