9 работи кои треба да ги правите помалку за да одите на доктор поретко
Од пиење од пластични чаши до ставање на чантата на кревет, некои ваши навики се навистина штетни за вашето здравје.
Кога ќе ве прашаат кои навики се најштетни, сигурно прво помислувате на пушењето, консумирањето алкохол и брзата храна.
Но, вистината е дека има некои не толку очигледни работи кои му штетат на вашето тело.
Работи кои треба да ги правите помалку за да одите на доктор поретко:
Пиете пијалаци од лименки
Размислете само како изгледа транспортот на лименките во стари камиони со тон прашина и бактерии.
Сето тоа се лепи на вашата уста и може да ви предизвика низа проблеми со дигестивниот систем. Ако купувате лименки, најдобро е да си сипете во чаша или да пиете преку сламка.
Ја ставате чантата на столица или кревет
Чантата на која има милион нечистотии ја ставате на места на кои потоа вие и членовите од вашето семејство ќе седнете истуширани и со чиста облека.
Ова носи низа непријатни изненадувања, како осипи на пример. Особено опасна е ситуацијата со кожените чанти, затоа што на овој материјал има совршени услови за развој на бактериите.
Често носите вратоврска
Американските истражувачи тврдат дека цврстото стегање со вратоврската ја притиска југуларната вена и со тоа доаѓа до зголемен очен притисок. Ова може да доведе до развој на глауком, па дури и слепило.
Исто така, откриено е дека вратоврските луѓето не ги перат често и во триење со вратот може да бидат причина за инфекции.
Пиете кафе од пластична чаша
Ако кафето долго стоело во пластична чаша, се ослободува токсичната материја бисфенол А, која влијае на плодноста, на нивото на енергија и на способноста за закрепнување на вашите клетки.
Колку е потопло кафето, толку повеќе ќе консумирате бисфенол А. Најдобро е да користите термос.
Бирате салата наместо бургер
Не говориме за обична зеленчукова салата, туку за оние полни со мајонез, компири и кисели краставички.
Ако пред вас имате ваква салата и бургер, одберете бургер, затоа што во него има свеж зеленчук и месо без адитиви. Се разбира, ако е од проверено место.