Намалете ја болката со храна
Ако не се чувствувате добро, можете да отидете на доктор или да го отворите својот фрижидер. Одредени намирници со своите природни својства...
...може да ви помогнат при олеснување на најчестите болки.
1. Ако имате главоболка. Јадете лешници и бадеми. Полни се со магнезиум, а тој го спречува производството на хормони кои предизвикуваат стрес.
Ако не сте љубители на овие плодови, зголемете го внесувањето на грав и минерална вода.
2. Нарушен сон. Лесни оброци како ориз, тестенини и компири поттикнуваат умор во нашето тело.
Јаглехидратите влијаат на регулирањето на температурата и го “програмираат“ нашето тело на ноќевање и влијаат на подобар сон. Млекото е идеална напивка за пред спиење.
3. Лошо расположените. Филе од лосос позитивно влијае на нашата психа благодарение на омега-3 киселината. Внесувајте морски плодови и риба.
4. Проблеми со столицата. Најдобро решение е пробиотички јогурт кој позитивно влијае на работата на цревата. Секој ден консумирајте еден јогурт.
5. Висок крвен притисок. Свеж зеленчук, посебно спанаќ и брокула. Потребен ви е калиум и затоа зголемете го внесувањето на свежо овошје и зеленчук на 5 порции дневно.
Црното чоколадо (25 грама дневно) влијае на намалување на високиот притисок.
6. Зголемен холестерол. Житарици се најдобар оброк во комбинација со свежо овошје и овошен јогурт.