Помош за оние кои патат од алергии: Како сами да си помогнете и да ги ублажите симптомите?
Иако кај некои, алергиите се јавуваат многу порано, сепак има и такви кои имаат проблеми и во овој период, независно од возраста.
Тие стануваат сè почест проблем кој секој сака побрзо и полесно да го надмине.
Но, иако има лекови кои помагаат со тоа, сепак е полесно да се спречи отколку да се лекува.
За да не се соочите и вие со оваа мака, прочитајте неколку трикови како да ги избегнете нападите на алергиите.
Повеќето од нив се хигиенски совети, но тоа не ви пречи почесто да ги применувате:
Работна околина
Со оглед на тоа што долго време се поминува на работно место, важно е околината секогаш да биде чиста.
Обидете се почесто да бришете прашина и да не го натрупувате бирото со работи кои непотребно собираат нечистотија.
Чистење
Неопходно е домот да го чистите темелно, со средства кои целосно ќе ги дезинфицират и исчистат површините за нечистотијата и алергиите да не може да се шират.
Кога работите со средства, секогаш користете заштита за устата и носот за заштита на белите дробови, а не заборавајте да користите и ракавици за да ја заштитите кожата.
Постела и кревет
Редовно менувајте ја постелнината на креветот и перете ја на висока температура за нечистотиите и бактериите темелно да се отстранат и да не ви предизвикуваат проблеми.
Затворени прозорци
Со честото отворање на прозорци полесно влегува полен и прашина од улиците, па затоа е подобро да користите клима за ладење на воздухот, но редовно да ја чистите или да ставите посебен филтер за заштита од алергени.
Правила за пешачење
Обидете се прошетките да ви бидат во приквечерните часови, бидејќи од 10 наутро до 16 попладне има поголема количина на полен во воздухот.
Најдобро е да пешачите на дожд, а ако веќе мора да шетате повеќе преку ден, користете маска за носот и устата и задолжително ставете очила за сонце и шешир за целосно да се заштитите од нечистотии кои потоа ќе ги внесете дома.
Туширање
По враќање од надворешна околина, задолжително избањајте се и измијте ги рацете, за да ја отстраните прашината, поленот и другите нечистотии кои се залепиле на вас однадвор.
Секако, неопходно е и да се пресоблечете и да имате различна облека за дома и за надвор, независно колку кратко сте ја носеле и до каде сте биле.