Необични факти за женското тело кои ќе ви помогнат да избегнете здравствени проблеми

Женското тело може да се каже дека е комплицирано и многу жени немаат поим за многу работи поврзани со истото.

neochigledni-fakti-za-zhenskoto-telo-koi-kje-vi-pomognat-da-izbegnete-zdravstveni-problemi-001.jpg

На пример, дали сте знаеле дека еластичноста на градите зависи од количината на течности која ја консумирате?

Доколку сакате да откриете некои нови неочекувани факти за женското тело, во продолжение следат токму такви, кои ќе ви помогнат да избегнете непријатни ситуации.

Прекумерното вежбање може да го наруши менструалниот циклус

Докажано е дека физичката активност може да ја намали болката за време на „оние денови“, но ако се претера, може да се постигне спротивен ефект.

Тоа води до хормонален дисбаланс во телото, што резултира со нарушување на менструалниот циклус.

neochigledni-fakti-za-zhenskoto-telo-koi-kje-vi-pomognat-da-izbegnete-zdravstveni-problemi-2.jpg

Градите се рефлексија на здравјето

Женските гради може да бидат индикатор на состојбата на здравјето, дури и ако не чувствувате болка.

На пример, секретот од млечните жлезди може да укажува на хормонален дисбаланс или некое нарушување со јајниците, па затоа треба да се посети доктор.

Ако чувствувате чешање кај брадавиците, или забележите иритација под градите, може да се работи за алергија од градник или детергент.

neochigledni-fakti-za-zhenskoto-telo-koi-kje-vi-pomognat-da-izbegnete-zdravstveni-problemi-03.jpg

Тежината не укажува на состојбата на здравјето

Тоа што имате неколку килограми плус не значи дека задолжително мора да имате и проблеми со здравјето.

Дебелеењето зависи од вашите навики за исхрана, гените, како и физичката градба на телото.

Изненадувачки, но внатрешните органи на пополните луѓе може да бидат многу поздрави од оние на слабите луѓе.

neochigledni-fakti-za-zhenskoto-telo-koi-kje-vi-pomognat-da-izbegnete-zdravstveni-problemi-04.jpg

Градите може да опаднат заради недостаток на вода

Недостатокот на вода во телото води до промени кај кожата. Без вода, таа станува сува и опуштена.

Затоа, ако сакате да спречите градите да виснат надоле, важно е да го контролирате нивото на вода во телото и да внесувате доволно течности.

neochigledni-fakti-za-zhenskoto-telo-koi-kje-vi-pomognat-da-izbegnete-zdravstveni-problemi-05.jpg

Бојата на усните укажува на здравствената состојба на црниот дроб

Ако вашите усни брзо ја изгубат нивната боја, станат бледи или обратно премногу потемнат, тоа може да укажува на проблеми со црниот дроб, па не губете време и посетете доктор.

neochigledni-fakti-za-zhenskoto-telo-koi-kje-vi-pomognat-da-izbegnete-zdravstveni-problemi-06.jpg

Храната може да биде причина за мигрена

Главоболките не само што се резултат на стресни ситуации, туку на нив влијае и исхраната.

На некои луѓе, храната како чоколадо, ореви, димени производи или сок од портокал, може да им предизвикаат силни главоболки.

neochigledni-fakti-za-zhenskoto-telo-koi-kje-vi-pomognat-da-izbegnete-zdravstveni-problemi-07.jpg

На стомакот се таложат масти и заради недостаток на сон

Дури и ако вежбате редовно, сепак може да имате масти и сало околу стомакот. Доколку правите сè како што треба со физичка активност и исхрана, причината за ова може да биде недостатокот на здрав сон.

Ако жената не се наспие добро, нејзиното тело има недостаток на енергија, што резултира со складирање на екстра енергија во делот околу стомакот.

neochigledni-fakti-za-zhenskoto-telo-koi-kje-vi-pomognat-da-izbegnete-zdravstveni-problemi-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg