9 симптоми за интолеранција на алкохол, за кои можеби не сте свесни
Дали чувствувате непријатност и мачнини и по само една чаша алкохол? Кои се симптомите за алергија на етанол?
Ако претерате со алкохолот нормално е да имате несакани последици, но што кога тоа се случува на интензивен начин уште само по чаша, две алкохол? Тогаш може да станува збор за интолеранција на алкохол.
Постојат два вида на интолеранција на алкохол: генетска, кога едноставно телото не може да го преработи етанолот, и стекната, што произлегува од употребата на некои лекови, од болести и повреди.
Симптоми на интолеранција на алкохол:
Зголемен/намален крвен притисок
Високиот притисок по консумирањето алкохол ќе ви донесе главоболка и вртоглавица, а нискиот летаргија и темнина пред очите.
Растечен нос
Кивање, растечен нос и губење здив се типични симптоми за настинка. Но, може да станува збор и за интолеранција на алкохол.
Во носната шуплина има многу капилари, па кога се изложени на етанол настапуваат проблемите и отежнато дишење.
Едем на екстремитетите
Кога ќе влезе во телото, етанолот провоцира интоксикација, личноста се соочува со дехидратација и системот откажува.
Како резултат на тоа, се акумулира течност во ткивата и доаѓа до отекување на екстремитетите.
Мигрена
Мигрената е непријатна состојба, а понекогаш е резултат од интолеранција на алкохол. Тоа е еден од најчестите знаци.
Одговорен е хистаминот кој се јавува за време на алергиската реакција од алкохолот.