Пролетна детоксикација

Во овој период од годината често го слушаме зборот „детокс” - на радио, на телевизија, интернет, во разговори со нашите пријатели и роднини. Повеќе од било кога ние, луѓето на денешницата, имаме потреба од благодетите на „детоксот” поради тоа што во нашите организми внесуваме токсини повеќе од било кога во историјата на човекот. Токсините вградени во нашите коски и масните наслаги го попречуваат нормалното работење на нашите органи. Во текот на детоксикацијата токсините се преработуваат од масти во водени молекули и се исфрлаат од организмот преку телесните процеси. Транзицијата од зимо во пролет ни нуди идеална можност да го исчистиме телото од сите наталожени токсини, кои во помрзеливиот период од годината сме дозволиле да преовладуваат со нашиот организам. Пролетта ни дава голем избор на овошје и зеленчук кои се есенцијални за добар „детокс” и лесно може да се комбинираат во здрави и вкусни смутиња.

proletna-detoksikacija-01.jpg

За да биде успешен процесот на детоксикација мора да се фокусираме на хидратација и нутритивна вредност за да го стимулираме исфрлањето на токсините. Но исто така мора да испланираме време за движење и доволно време за спиење. Храната е најважниот дел од прочистувањето и може да ни е од најголема помош во процесот на пролетна детоксикација и прочистување на организмот. Изборот на правилни состојки и правилниот начин на нивно конзумирање може да донесе многу големи бенефити за нашето здравје, инстантно да ни го подобри метаболизмот, а и самите да се чувствуваме помладо и повитално. Искористете го овој период да направите рестарт на организмот и да му овозможите нов почеток на вашиот организам.

Детокс програмата може да трае од 1 ден до 2 месеци и може да се заснова само на конзумирање вода ( еднодневен детокс) како и побалансиран начин на исхрана. Каков тип на детокс ќе изберете зависи од вашите потреби и тоа како се чувствувате. Во овој период, навистина треба да сте претпазливи и строго да се држите до правилата и целите кои ќе си ги поставите пред себе. За почеток намалете ги или целосно исфрлете ги сите протеински производи од животинско потекло, секако исфрлете го од исхрана црвеното месо (јагнешко и свинско) и пробајте да јадете пилешко месо или риба еднаш неделно. Мора да го исфрлите од исхрана и алкохолот, како и продуктите кои содржат глутен.

Причината поради која мора да стопираме со алкохолот е поради тоа што го оптоварува џигерот кој е одговорен за справување со токсините во нашето тело. Џигерот ни е потребен за да ги ослободи токсините во периодот додека трае детоксикацијата. Проблемот со глутенот пак е во тоа што е најтешкиот молекул кој нашето тело треба да го разгради и со тоа дозволува токсините да навлезат во крвта. Можете да ја замените храната која содржи глутен со ориз, просо, киноа или хељда.

Фокусирајте се на она што ни го дава природата: повеќе зеленчуци и одредена количина овошје.

Плодовите (но не оние кои имаат големо количество шеќер, како бананата) , зеленчукот, чаевите од билки и водата ви се најголемиот пријател кога станува збор за детоксикација. Многу луѓе процесот на детоксикација го поминуваат со конзумирање на смутиња. Смутито е совршено за комбинирање на различни здрави плодови во еден оброк. Особено кога зборуваме за зелениот зеленчук кој е препорачлив поради тоа што содржи антиоксиданти и е богат со хранливи ресички, витамини и има ниско количество на шеќери (целерот, краставица, зелка, магдонос и марула). Многу полесно е да се спреми свежо смути со зелка, овошје и малку целер или ѓумбир отколку да се јадат посебно овошна или зеленчукова салата. Затоа би ви препорачале да го започнете денот со смути, за ручек чиниите нека ви бидат полни со различни зеленчуци, плодови без глутен и од време на време риба или пилешко месо, попладне каснете овошје или смути, а за ужина и вечера уживајте во свежа салата.

proletna-detoksikacija-2-2-1.jpg

Кога зборуваме за смути потребно е да се напомене дека не е важна само содржината на смутито, туку и неговата текстура. Во последно време, се создаде точна дистинкција помеѓу стандардните блендери и блендерите со висока брзина. Стандардните блендери се перфектни за блендирање меки состојки кои содржат повеќе течност, но доколку сакате да изблендирате цврсти состојки како јаткастите плодови или ѓумбир, стандардните блендери не се во можност да ги изблендаат доволно добро состојките и ќе останат крупни парчиња, со што смутито е тешко за пиење. Новите Viva и Avance блендери на Philips имаат мотори од 700W и 1400W во комбинација со моќните технологии на блендање Pro-blend 6 и Pro-blend 6 3D. Овие блендери овозможуваат за 50% подобри резултати во однос на претходните модели. Зошто е сето ова значајно?  За максималнен витамински буст многу е важно при подготовка на смутињата да го извлечете максимумот од нутритивните својства на овошјето и зеленчукот. Со неговата супериорна технологија на блендирање Philips овозможува да одделите повеќе хранливи материи од состојките кои ги блендате. Плус, текстурата на смутињата е многу подобра и со тоа смутињата се полесни за конзумирање. Доколку сте пробале некогаш смути со парчиња овошје и зеленчук во него знаете за што зборуваме.

Philips Viva блендерот ви овозможува да ја контролирате брзината зависно од тоа дали блендате меки или тврди состојки, додека Avance блендерите имаат свој смути пресет на брзина, како и мануелно сетирање на брзина. Правете здрави пијалаци секој ден, без притоа да морате премногу да размислувате за сите комбинации од состојки кои му се потребни на вашето тело.

HR3556

proletna-detoksikacija-02.jpg

HR3655

Уште една важна информација е тоа дека двата модели на Philips доаѓаат со 2 литарски бокал за припрема на смути,  една или две чаши во кои можете директно да го спремите вашето смути и да го понесете со вас надвор од домот. Вака подготвеното смути со омилените состојки можете да го понесете со вас на пат кон работа, или на факултет, во канцеларија или директно на тренинг доколку практикувате некоја физичка активност. Практично овие чаши дозволуваат смутито да го понесете секаде со вас.

proletna-detoksikacija-04.jpg

proletna-detoksikacija-03.jpg

proletna-detoksikacija-05.jpg

Подетални информации околу Philips блендерите можете да видите на официјалниот вебсајт на Philips. Во моментов има промоции кои се со ограничено времетраење и на кои Philips Viva и Philips Avance блендерите се со попуст од 20% и доколку купите некој од овие производи добивате буклет со рецепти за смутиња кој содржи информации за состојките и бенефити од нивното ползување.

proletna-detoksikacija-2-2-2.png

За самиот крај, за максимални ефекти во периодот на детоксикација, нe заборавајте и да вежбате. Сепак, фокусирајте се повеќе на кардио вежби и нe заборавајте пред и после вежбањето убаво да се истегнете. Погрижете се во овој период од годината здравјето да ви е на прво место.

Би можело да ве интересира:

Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg