Правила за безбедно користење на јавните тоалети
Под грижа на здравјето не се подразбира само здрава исхрана и вежбање, туку и заштита од опасни околини.
Една од околините која важи за најнечиста и полна со бактерии е секако јавниот тоалет.
Дали некогаш ви се случило кога сте излезени во кафуле или трговски центар, да мора да одите во тоалет, иако не ви е сеедно.
Па, за во таквите случаи, добро е да знаете неколку правила за користење на јавни тоалети:
Најопасни места се оние кои изгледаат најбезбедно
Никој не знае колку точно бактерии има секој предмет во тоалетот, но една компанија решила да ги провери сите површини во јавниот тоалет по работниот ден во канцеларија.
Излегло дека, повеќе од 50.000 различни микроорганизми се наоѓаат околу нас во тоалетите, а веројатно не би очекувале дека најзагаден бил мијалникот.
Секако, не постои правило дека секогаш е така, но добро е да знаете дека не е само тоалетната школка полна со бактерии, па внимавајте и со другите делови.
Обрнете внимание на деталите
Кога одите во јавен тоалет, обрнете внимание на некои работи пред да го искористите.
За да бидете сигурни дека е „чисто“ и безбедно за употреба, проверете дали има сапун, тоалет хартија, како и закачен распоред на чистење на кој може да проверите кога е последен пат исчистено (треба да е истиот ден).
Одберете ја правилната кабина
Звучи чудно, но според науниците, дури и кога има само две кабини во тоалетот, луѓето прво се упатуваат кон втората.
Па, кога одите во јавен тоалет, влезете во првата кабина, која повеќето ја избегнуваат и веројатно ќе биде почиста, иако не мора да значи дека секогаш е така.
Приспособете се на локацијата
Ако мора да ја оставите чантата или вашите работи, најдобро е некој да ви ги чува надвор од тоалетот.
Но, ако нема кој, одберете го најбезбедното место, зависно од тоалетот, што значи дека сами мора да процените што е најправилно.
Никогаш не ги оставајте работите на подот. Едно од безбедните места е тоалетното казанче, или пак, доколку има закачалка на вратата.
Не ставајте тоалет хартија на шолјата
Иако за многумина тоа е одлично решение за да се заштитат од бактериите, сепак важно е да знаете дека повеќето не го затвораат капакот пред да пуштат вода, а со тоа бактериите се расфрлаат насекаде.
Па така, дури и на тоалет хартијата има бактерии и освен ако не си носите сопствена, избегнувајте да ја покривате шолјата со хартија.
Напуштете ја кабината како што доликува
Кога ќе завршите, затворете го капакот и потоа пуштете вода, за бактериите да не се распространат. Не оставајте неред и ѓубрето секогаш фрлајте го во канта.
Добро измијте ги рацете
После употреба на јавен тоалет, треба многу темелно да ги измиете рацете, со сапун, најмалку една минута. Откако ќе се измиете, напуштете го тоалетот без да допрете ништо, вклучувајќи ги и кваките од вратите.
М. М. | Црнобело