Лоши навики: Што не смее да прават жените пред секс?
Водењето љубов е страствен момент во кој треба максимално да уживате. Но, постојат грешки што припадничките на понежниот пол неретко ги прават, а истите можат да им го расипат, или, пак, да предизвикаат несакани последици по интимниот однос.
Кои се лошите навики што треба ги избегнувате? Ова се нештата кои женaта не смее да ги прави пред секс:
Да се депилира
Доколку во план ви е да поминете жешка ноќ со партнерот, подгответе се за самиот чин неколку дена претходно. Барем кога е депилацијата во прашање.
За време на сексуалниот однос, пределот околу препоните и бедрата е изложен на триење, но и прекумерно потење. Кожата е подложна на иритација, па депилираните чувствителни подрачја, мошне лесно може да се воспалат. Сличен ефект има и физичката активност после депилирањето.
Затоа – „средете“ се навреме.
Да пие лек против алергија
Лековите кои ги намалуваат алергиските реакции, како што антихистамините, делуваат така што го смируваат телото.
Meѓутоа, овој лек има силно дејство и на слузницата, која е поврзана со целото тело, почнувајќи од усната празнина, па до интимната област. Антимистамините го намалуваат лачењето на вагинална слуз, поради што сексот нема да биде пријатен како обично. Експертите тесно го поврзуваат недостатокот на слуз и со оргазмот, што значи дека на жените тогаш многу потешко, па речиси и невозможно ќе им биде да дојдат до посакуваното задоволство.
Истото важи и за обидите за зачнување, бидејќи вагиналната слуз значително го олеснува стигнувањето на сперматозоидот до јајце клетката.
Да го одложи одењето во тоалет
Веќе сте се препуштиле на страстите, а интимните мигови достигнале експлозивност.
Меѓутоа, чувствувате потреба да појдете до тоалетот за да мокрите. Направете го тоа! Не трпете. Имено, мочниот меур е сместен во близина на вагината, па секој притисок на истиот и тоа како ќе го осетите, поради што сексот веќе нема да ви биде пријатен и опуштен.
Исто така, ако ви се уринира за време на односот, мочниот канал и меурот се оптоварени и полни со течност, па опасноста од воспаленија на меурот предизвикани од сексот е многу поголема.
М. А. | Црнобело