6 чудни трикови со кои полесно ќе ја издржите диетата
Диетите и слабеењето не се само здрава исхрана и намалена количина храна, туку се работи за процес во кој треба да се сменат многу од навиките кои ги имаме.
За да се олесни целиот тој процес на слабеење, може да се обидете со следниве трикови.
Можеби токму тие ќе ви помогнат за полесно и поефикасно држење на диета.
Кога јадете надвор, изберете најмала порција
Прочитајте го внимателно менито и најдете ја порцијата која ви се чини дека е најмала. Тоа може да биде мини бургер, мала порција месо, мала пица, лесна салата...
Луѓето често се склони да го изедат целиот оброк, па затоа на помала порција би заштедиле доста калории.
Сменете го ставот, позитивните мисли се вредни колку злато
Кога ќе изгубите 2-3 килограми, тоа не значи дека можете да се почестите со голем десерт или калоричен бургер. Наместо тоа, речете си: „Одлично, успеав! Сега целам кон губење на уште толку килограми!“
Јадете сами, наместо во друштво
Кога сме на гости или на ручек или вечера со пријателите, нарачуваме многу и цело време „мезиме“ најразлични поховани производи, масни парчиња месо, бел леб печен со масло и сол, а и за време на разговорот забораваме да броиме колку сме изеле.
Затоа, најдобро е да нарачате посебна порција со она што сметате дека треба да го јадете (пријателите би имале разбирање), а дома или на работа јадете сами и држете се до планот за исхрана кој го имате.
Кога сте гладни, мирисајте банани
Според истражување спроведено на 3.000 доброволци, мирисањето на овошки како што се јаболка, круши, а особено банани, може да го излаже мозокот дека сме сити.
Ова е добар трик за да се избегнат оние нездрави ужинки меѓу оброците и да се држиме до распоредот на диетата.
Сината боја намалува апетит
Уште една студија поврзана со диететските навики на луѓето, покажала дека сината боја намалува апетит. Па така, обидете се да користите сини садови за јадење, можеби навистина делува.
Јадете пред огледало
Иако звучи смешно, според некои истражувања, ако се гледате во огледало во тек на консумирање на храна, јадете 30% помала количина отколку вообичаено.
С. У. | Црнобело