Како прошетките со вашиот миленик ви го подобруваат здравјето?
Секоја прошетка носи голем број бенефити со себе, почнувајќи од физичката активност, па сè до релаксирањето и енергизирањето како на телото, така и на менталната состојба.
Доколку на овие прошетки ви се придружи некој кого го сакате, пријател, партнер, а особено миленик, можете значајно да влијаете за зголемени дози на ендорфин во вашиот организам.
Ендорфинот е наречен уште хормон на среќата, па затоа при ваквите релаксирачки прошетки ретко кога ќе почувствувате умор, а двојно ќе го зголемите ефектот врз физичкото здравје, поради лесното ослободување од стресот.
Вашите миленици обожаваат да се галат со вас, па зошто да не го правите тоа надвор наместо дома? Доколку имате куче, таа прошетка може позитивно да влијае и на вашето и на неговото здравје.
Според научните сознанија, вашето милениче и неговата блискост, исто така, влијаат врз лачењето на ендорфинот, па затоа и уште ги нарекуваме природни носители на добро расположение.
Постојат докази дека луѓето кои чуваат домашен миленик се помалку склони кон депресивни и стресни состојби.
Затоа, дајте си го најдобриот природен третман на самите себе - гушкајте го вашиот миленик и редовно шетајте, најважно од сѐ, земајте го со себе секаде каде што е тоа возможно.
Од ваквите активности можете да имате само бенефит, добро расположение и убави спомени.
С. У. | Црнобело