6 знаци дека можеби имате спонтан абортус
Од крвавење до грчеви во абдоменот, кога треба задолжително да направите проверка кај вашиот доктор?
Спонтаните абортуси се сè почести, иако многу жени не сакаат отворено да зборуваат за тоа.
Според едно неодамнешно истражување дури 10 до 15% од бременостите завршуваат со спонтан абортус.
Жените кои минале низ ова велат дека е ужасно искуство по кое само сакате да се свиете во креветот и да се изолирате од светот.
Иако, симптомите дека имате спонтан абортус се очигледни понекогаш може да се случи и да не забележите дека станува збор за тоа.
6 работи на кои треба да внимавате:
Точки крв или пообилно вагинално крвавење
Ова е најчестиот симптом. Обично се случува во првото тримесечје од бременоста.
Може да биде умерено, но и обилно крвавење како кога имате менструален циклус. Посетете доктор задолжително.
Абдоменални грчеви
Бидејќи во текот на бременоста немате менструален циклус, па ако ви се појават грчеви во пределот на абдоменот, слични на оние кои ги имате за време на менструалниот циклус, може да имате спонтан абортус. На моменти болката може да биде остра, па дури и неподнослива.
И додека понекогаш грчевите се нормални поради растегнувањето на матката за време на бременоста, сепак треба да посетите доктор за проценка.
Болка во грбот
Иако, жените редовно се соочуваат со болка во грбот во текот на бременоста, таа може, исто така, да биде симптом за спонтан абортус.
Грчевите во абдоменот пациентите понекогаш ги искусуваат како болка во долниот дел на грбот. Ако сте загрижени во ваква ситуација, посетете доктор.
Престанавте да имате симптоми на бременост
Повеќе немате вртоглавици, лошење и чувствителност на градите? Ова може да значи дека вашата бременост напредува и со текот на времето симптомите природно се намалуваат, но понекогаш може да значи и спонтан абортус.
И во ваков случај направете проверка.
Вагинално празнење
Ако исфрлите какво било ткиво измешано со крв или некаква течност од вагината во бела, розова, црвена, па дури и кафена боја, тогаш нешто драматично се случува со вашата бременост.
Ова е сериозен знак, веднаш појдете на доктор.
Хормонален и емоционален пад
Кога вашето тело искусува проблеми со бременоста, вашите хормони полудуваат. Тие неколку дена ќе се чувствувате многу лошо и имате емотивна бура.
Ќе сакате само да се свиете на креветот и да не станете од него. Контактирајте доктор.
Сите бремености се различни затоа најдобро е да се консултирате со докторот доколку што било ве загрижува.
С. С. | Црнобело