10 ужасни работи кои ќе ви се случат ако престанете да се бањате
Сè ќе ве чеша, ќе имате инфекции на гениталиите, кафеави дамки по кожата и низа заболувања.
Дали некогаш сте помислиле што ќе се случи ако престанете да се бањате?
Неодржувањето на хигиената има низа последици, покрај непријатниот мирис.
Што ќе ви се случи ако престанете да се бањате?
Проблеми со кожата
Сите ваши проблеми со кожата ќе се влошат, а ќе се појават и нови. Ќе почнете да ја чешате кожата поради бактериите и нечистотиите.
Тоа ќе предизвика вашата кожа да пука и да се инфицира.
Инфекции
Замислете го огромниот број на бактерии секој пат кога го допирате мобилниот телефон, кваките од вратите и тоалетната шолја.
Тие ќе влезат во вашето тело преку рацете, носот и устата и ќе добиете настинка, па дури и хепатитис А.
Габи
Ќе добиете инфекции и од габите кои ќе живеат на вашата кожа, уста и гениталии.
Габи најмногу ќе се развијат кај децата, бремените жените и луѓето со прекумерна тежина.
Вишок мртва кожа
Кога се бањате, ја триете кожата и мртвите клетки паѓаат и им дозволуваат на нови да пораснат.
Ако престанете да се бањате дури 4 килограми мртва кожа може да се акумулира на вашето тело.
Лоша телесна миризба
Потта нема мирис, но бактериите присутни во неа имаат.
Ако вашето тело мириса лошо ќе станете имуни на тоа. Вие ќе престанете да ги забележувате телесните мириси затоа што ги чувствувате долго време.