Хербални чаеви кои помагаат за полесно поднесување на симптомите на артритис
Артритисот е честа состојба што погодува подеднакво и млади и повозрасни лица, а се манифестира со потешкотии при движењето, но и со големи болки во зглобовите.
Има повеќе форми на артритис и сите треба да се третираат под надзор на лекар, но заедничко за сите е што лечењето може да биде значително потпомогнато и на природен начин.
Во продолжение погледнете кои пет хербални чаеви помагаат за полесно поднесување на симптомите на артритис:
Зелен чај - има изразени антивоспалителни својства, но и антиоксиданси кои го подобруваат имунитетот. Според некои истражувања, состојките на зелениот чај помагаат во зачувувањето на 'рскавичното ткиво на зглобовите.
Чај од куркума - активната состојка куркумин со векови била користена во кинеската и индиската холистичка медицина против воспаленија. Чајот се подготвува од жолтиот прав што се продава како зачин.
Чај од ликорис - активните состојки на растението го контролираат лачењето на кортизол, а со тоа и имунитетот, притоа блокирајќи ги и негативните ефекти на кортизолот, како што е анксиозноста.
Чај од сладок корен - има пријатен вкус, а притоа на организмот му дава доволна количина на растителни масни киселини, кои ја намалуваат болката и воспалението.
Можете да го најдете на пазарите како парчиња или во прав. Чајот може да се направи и од двете.
Чај од лист од коприва - копривата е позната по тоа што позитивно влијае врз целосната здравствена состојба, па така им помага и на луѓето кои страдаат од артритис.
Секојдневното консумирање на овој чај придонесува за зацврстување на коските, а со тоа и намален внес на лекови против болки.
С. У. | Црнобело