5 придобивки од кревањето на нозете покрај ѕид секој ден
Сигурно и претходно сте чуле дека подигнувањето на нозете прави да се чувствувате подобро и ја одмора и релаксира речиси целата мускулатура на долните екстремитети.
Тоа не е ништо ново, дури и нашите баби ги поткреваат и потпираат нозете на перница, сепак експертите велат дека придобивките се уште поголеми доколку легнете целосно хоризонтално и ги кренете нозете паралелно со ѕидот.
Без разлика дали се работи за подобрување на циркулацијата или намалување на отоците на нозете, поставувањето на телото во оваа позиција носи бројни предности:
Исправување
Кога лежите на земја и ги поставувате нозете на ѕидот, вашиот 'рбет е исправен, а вашиот кардиоваскуларен систем се одмора. Без разлика што можеби на почетокот ќе ви изгледа дека е напор, во оваа положба всушност вашето тело се релаксира и одмора.
Практикувајте ја вежбата еднаш до два пати во текот на денот и самите ќе го забележите бенефитот.
Подобра циркулација
Оваа позиција помага и за подобрување на циркулацијата. Отечените нозе некогаш може да предизвикаат големи проблеми со крвотокот, па на овој начин сето тоа ќе го држите под контрола.
Заземете положба и останете така не повеќе од 2 минути. Доколку ја применувате за оваа намена, ваквата рутина можете да ја практикувате неколку пати во текот на денот.
Релаксација
Како што споменавме и во првата точка, ваквата позиција толку го релаксира телото, што можете дури и да медитирате.
Најважно е да се позиционирате правилно, да вдишете длабоко и да почувствувате како се се ослободува секој мускул од вашето тело. Останете во оваа положба онолку колку што ви е потребно.
Одмор по вежбање
За да се наполните со доволно енергија по напорен тренинг, применувајте го овој начин на лежење со кренати нозе покрај ѕид 1-2 минути по вежбањето. Така поефикасно ќе се одморите и ќе можете да продолжите со дневните активности.
Со поставувањето на телото во оваа положба дополнително ќе го намалите и притисокот во мускулите кој се создава за време на вежбањето и во комбинација со магнезиум дефинитивно можете да ја избегнете болката од грчење на мускулите.
Опуштање на вратот
Со секојдневната работна рутина најчесто правиме искривувања во горниот дел од телото. Ваквото лежење помага и да се ослободи напнатоста во вратните мускули, па дури може да замени и кратка масажа.
Обидете се да се релаксирате токму на овој начин. Така ќе бидете сигурни дека вашето тело е опуштено, крвотокот добар и дека избегнувате проблеми со отекување на екстремитетите.
С. У. | Црнобело